Во генералниот пласман Каранјотов останува во водство со 144 бодови, Георгиев има 126, Траистару има 113, а Ивчески е четврт со 99 бодови.

Slobodan Ivcheski 2013

Во генералниот пласман Каранјотов останува во водство со 144 бодови, Георгиев има 126, Траистару има 113, а Ивчески е четврт со 99 бодови.

Претставникот на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ), Слободан Ивчески го освои шестото место на третиот натпревар од Европскиот шампионат во супермото што се одржа на 16 јуни на патеката во Вранско, Словенија.

Во првото возење Ивчески успеа да биде пред својот најголем конкурент Сорин Траистару од Романија, но во второто романскиот претставник беше поуспешен. Во вкупниот пласман двајцата мотоциклисти го завршија натпреварот со 31 бод, но Траистару беше на 5-тото место поради подобар пласман во втората трка.

Убедлив победник во двете возења беше домашниот натпреварувач Урош Настран кој ја прекина досегашната доминација на Ангел Каранјотов од Бугарија кој заврши како втор, а трет беше неговиот сонародник Александар Георгиев.

Во генералниот пласман Каранјотов останува во водство со 144 бодови, Георгиев има 126, Траистару има 113, а Ивчески е четврт со 99 бодови.

Извор: „МФМ“

Back To Top