motori supermoto-2011-95Слободан Ивчески ќе ја претставува Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на првиот натпревар од Европски шампионат во супермото за 2012 година што ќе се одржи на 20 мај на патеката во Плевен, Бугарија.

supermoto-2011-95

Слободан Ивчески ќе ја претставува Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на првиот натпревар од Европски шампионат во супермото за 2012 година што ќе се одржи на 20 мај на патеката во Плевен, Бугарија. Натпреварот воедно се бодува и за отворениот Источно-Европски шампионат. Минатата сезона Ивчески го освои деветтото место во оваа конкуренција, а годинава стартува со уште поголеми амбиции со оглед на тоа што ќе настапи со новонабавен КТМ мотоцикл.

Покрај него, во рамките на отворениот Источно-Европски шампионат во супермото ќе настапи и Глен Скот. Искусниот Јужноафриканец ќе дебитира под македонски знаме со оглед на тоа што годинава ќе настапува со лиценца од МФМ.

Marin Sugarev

Во исто време, на првиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки кој ќе се одржи викендов на патеката Долна Митрополија крај Плевен, МФМ ќе ја претставуваат петмина натпреварувачи. Младиот Марин Сугарев втора година по ред ќе настапува во класата до спорт до 125 ссм. И тој годинава набави нов мотоцикл Априлиа и се очекува да се впушти во борба за место на подиумот. Во македонскиот тим се и искусните Сашо Николов и Ефтим Велјановски кои ќе настапат во класата супершток до 1000 ссм, ветеранот Зоран Трајковски ќе сатртува во класата супербајк до 1000 ссм, а Игор Спиров во класата супербајк до 600 ссм.

Извор: „МФМ“

Back To Top