На втората трка од Источно Европскиот Шампионат која се возеше на патеката Серес во Грција натпреварувачот во класата SP125 Аргетим Рамадани дојде до првата победа во сезоната.
На втората трка од Источно Европскиот Шампионат која се возеше на патеката Серес во Грција натпреварувачот во класата SP125 Аргетим Рамадани дојде до првата победа во сезоната.
Успехот на нашите претставници на првата трка која се возеше во саботата продолжи и во текот на вчерашниот ден. Аргетим Рамадани (МК Мотори) дојде до првата победа во сезоната, Марин Сугарев (МК Мото Велес) се искачи на пиедесталот веднаш зад него, а Христијан Бузалковски (МК Мотори) немаше среќа да дојде до првиот подиум во сезоната.
Аргетим Рамадани на трката возеше одлично, на стартот излезе како втор но откако бугарскиот натпреварувач Милен Георгиев се повлече заради проблеми со моторот патото до првата победа за Аргетим беше отворен. Аргетим од Грција се враќа со два пехари, едниот од саботата за освоеното второ место и другиот за вчерашната победа.
Марин Сугарев со втората позиција на денешната трка се најде на втората позиција и во генералниот пласман што ја прави борбата за титулата во оваа класа навистина интересна. Марин кој е возач на МК Мото Велес се враќа на патеките по подолга пауза но прикажа одлично возење и покрај тоа што неговиот мотоцикл не беше на нивото кое тој го посакуваше.
Нашиот трет претставник во оваа класа Христијан Бузалковски ги оправда очекувањата на своите фанови со одличната трка која ја возеше во Серес. Иако немаше среќа во саботата, на вчерашната трка македонската публиката која ја имаше во голем број кај нашиот јужен сосед неколку пати потскокнуваше заради возбудувањата во борбата за третата позиција. Бузалковски имаше тешка задача да ја помине искусната Жулиета Ленкова од Бугарија, тој иако успеваше да избие на третата позиција на кривините, по брзиот мотор на бугарката на крајот се покажа како пресуден и таа дојде до третата позиција со предност од 0.103 делови од секундата пред Бузалковски.
Во поголемата класа Formula 600 Македонија имаше двајца претставници, Игор Спиров (МК Гого) и Слободан Ивчески (МК Сакамото). Спиров кој на трката во саботата ја забележа шестата позиција, на вчерашната трка немаше среќа да стартува и остана без бодови. Спиров на саботните квалификации имаше четврто време и трката требаше да ја стартува од вториот ред, а според резултатите на останатите учесници како и неговата форма од него се очекуваше многу. За жал при излезот од боксот пред загревачкиот круг новата задна гума која ја монтираше Спиров лизна заради заштитниот слој по што тој доживеа потежок пад од кој за среќа излезе без никаква повреда.
Вториот наш натпреварувач во оваа класа Слободан Ивчески дојде до осмата позиција притоа возејќи време од 1:27.695 со стандарден мотор што е навистина резултат за почит. Ивчески прикажа солидно возење и успешно ги заврши двете трки кои викендов се возеа во Серес. Неговото искуство се покажа на дело, Цобо го извади максимумот од мотоциклот кој го возеше на трките.
Во конкуренција на нации Македонија на двете трки зема пехари за трето место според бодовите на учесниците кои беа пријавени на трката од страна на функционерите на МФМ.
Распоредот за преостанатите трки е следен:
Календар на трки во ИЕШ (брзински мотоциклизам) | |||
# | Датум | Патека | Земја |
Рунда 1 | 18 април 2015 | Серес | Грција |
Рунда 2 | 19 април 2015 | Серес | Грција |
Рунда 3 | 07 јуни 2015 | Батајница | Србија (ОТКАЖАНА) |
Рунда 4 | 14 јуни 2015 | Плевен | Бугарија |
Рунда 5 | 12 јули 2015 | Плевен | Бугарија |
Рунда 6 | 23 август 2015 | / | Романија |
Рунда 7 | 20 септември 2015 | Плевен | Бугарија |