MK мотоциклисти на меѓународни трки

ИЕШ во супермото: Седмо место за Цобо

Слободан Ивчески - Цобо го заврши годинешниот настап на Источно Европскиот шампионат во супермото на седмата позиција.

Следете нè на:

 

10379633 10152467103145330 9017422972852457851 oИвчески на трка во Плевен, Бугарија

Слободан Ивчески - Цобо го заврши годинешниот настап на Источно Европскиот шампионат во супермото на седмата позиција.

Цобо кој се натпреваруваше во класата „S Open“ во конкуренција на 11 возачи по крајот на шампионатот ја завзема седмата позиција. Ивчески настапи на четири од вкупно шест трки колку што се возеа во шампионатот, при што освои вкупно 56 бода.

10256875 10152467108500330 2701872984792929359 oЦобо на трка од ИЕШ во Бугарија

Ивчески беше единствениот македонец кој се натпреваруваше оваа сезона во супермото шампионатот на Источна Европа. Минатата година тој настапуваше и на трките од Европскиот шампионат кои се одржуваа во Бугарија и притоа го освои четвртото место во генералниот пласман, со само 6 бода заостанување зад третопласираниот Сорин Траистару од Романија.

Проблемите со мотоциклот кои го следеа во текот на сезоната, како и немањето на спонзори кои ќе го поддржат во нови успеси се главните причини за послабиот резултат оваа година. За следната сезона Ивчески најавува битка на два фронта. Тој ќе продолжи со трките во класата Супермото, но планот за 2015 година се настап на Европскиот шампионат во супермото како и трка од Светскиот шампионат. Паралелно со ова тој ќе се врати и на трките во брзински мотоциклизам, каде ќе се натпреварува во класата SBKS1000.

На Ивчески му посакуваме многу среќа за следната сезона, се надеваме дека неговите планови ќе се остварат и дека ќе имаме нов Европски шампион од Македонија.

 

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.