Викендов на патеката Плевен во Бугарија се возеше последната рунда од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам и супермото на кој настапија четворица натпреварувачи од Македонија.

pleven eec 2015 83

Викендов на патеката Плевен во Бугарија се возеше последната рунда од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам и супермото на кој настапија четворица натпреварувачи од Македонија.

Пеколните температури на стазата во Плевен не ги поколебаа нашите возачи, сите го дадоа својот максимум и прикажаа одлично возење што резултираше со два пехари за возачите и два за нашиот национален тим. 

Во класата SP 125 Христијан Бузалковски го освои третото место со што го запечати и пехарот во генералниот пласман на Источно Европскиот шампионат. Бузалковски прикажа одлично возење во конкуренција на 10 возачи, иако ова е негова прва сезона во меѓународна конкуренција тој покажа дека има потенцијал за големи успеси во иднина. Солидното и конзистентно возење во текот на целата сезона му го донесе третото место во генералниот пласман во конкуренција на 16 возачи.

kiko pobeda pleven

Во класата F600 Игор Спиров прикажа возење за почит. Тој во конкуренција на 17 возачи заврши на 4-та позиција, со мало заостанување зад третопласираниот Тодор Меченски од Бугарија. Спиров стартуваше на трката од шестата позиција за која се избори на саботните квалификации. Конкуренцијата беше огромна, иако се работи за мотоцикли кои се далеку по спремни од оној на Спиров, нашиот натпреварувач не попушти во ниеден момент и прокнижа 13 бодови од трката во Бугарија.

pleven eec 2015 338

Во супермото Македонија имаше двајца претставници, Слободан Ивчески во класата SM-Open и Јове Иванов во SM-S3. За Иванов ова беше прва трка во меѓународна конкуренција, тој успешно ги заврши двете трки и покрај проблемите со мотоциклот. Иако беше шести на двете трки, важно за него е дека не се откажа и прокнижа 30 бодови на своето конто.

Слободан Ивчески прикажа фантастично возење, двете трки ги заврши на третата позиција и на крајот сосема заслужено се враќа дома со пехар од Плевен. Големата конкуренција како да беше мотив повеќе за Цобо, тој потсети на најдобрите денови од својата долгогодишна кариера и прокнижа 40 бодови во генералниот пласман. 

pleven eec 2015 131

Во екипна конкуренција МФМА благодарение на успехот на возачите кои отпатуваа во Плевен се закити со два пехари, еден за второ и еден за трето место во Тим А и Тим Б.

Целата галерија од трките може да се погледне на: https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10153568464715330.1073742005.58083050329&type=3

Back To Top