MK мотоциклисти на меѓународни трки

Изјава на Кико по крајот на сезоната

Христијан Илиоски дава свое видување за сезоната во Источно Европскиот шампионат во мотокрос која заврши без да се вози последната трка во Молдавија.

Следете нè на:

 

10698273 10203263183005754 54788770 oХристијан Илиоски - Кико #90

Христијан Илиоски дава свое видување за сезоната во Источно Европскиот шампионат во мотокрос која заврши без да се вози последната трка во Молдавија.

„По одложувањето на трката во Молдавија која по мене е момент - доколку организацијата нема соодветни безбедносни мерки тоа се разгледува навремено, нешто што според мене е голем пропуст и треба во следната 2015 година да се земе во предвид. Патот и трошокот на кој се изложивме беше непотребен, не само за мене, за сите натпреварувачи. 

Јас останав со истата бодовна состојба, на крајот на сезоната завршив како Вицешампион, за мене и моите услови сум задоволен. Нај важно е што немав повреда, влегов во сезоната без подготовки, се мачев финансиски пред се со техничкиот дел односно опремата на моторот. Сепак и покрај се, по крајот на сезоната јас сум задоволен од мојата физичка подготвеност која се зголемуваше од самите трки кои ги возев.

Сите сили ги насочувам кон следната сезона, се надевам дека ќе се создадат услови за достоинствено мое претставување во 2015 година за која нај потребен ми е солиден подготвителен период, како и опрема за моторот. Резултатот кој го остварив е забележителен, остануваат уште релевантните фактори да ми подадат рака и да си најдам неколку спонзори. Се надевам дека даденото од мене е доволна презентација во мотокросот и допринос во негова промоција и развој како во домашни така и во меѓународни рамки.

Јас ќе продолжам вредно да ја остварувам целта доколку ми се даде соодветна помош за мое понатамошно развивање во кариерата, а се надевам дека следната сезона ќе имам можност да се борам за поголеми резултати.

За крај ги поздравувам сите мои фанови и поддржувачи во оваа сезона.“ - изјави Илиоски

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.