Успешен тренинг за македонските претставници пред настапот на „Гран При Македонија 2013“ кој ќе се одвива на 30 и 31 март на патеката Милци крај Гевгелија.

tomovski-gv

Успешен тренинг за македонските претставници пред настапот на „Гран При Македонија 2013“ кој ќе се одвива на 30 и 31 март на патеката Милци крај Гевгелија.

Четворицата претставници на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) освоија значајни бодови на почетокот од сезоната на трката од Европскиот и отворениот Источно-Европскиот шампионат за мотокрос за 2013 година.

Рекорден број од 124 натпреварувачи од 10 држави поделени во 6 класи учествуваа на натпреварот кој се одржа на патеката Порој крај Поморие (Бугарија).

Во најсилната класа МХ1 искусниот Гоце Томовски се враќа во форма после повредата и успеа да биде на 6-то место во двете возења и освои вкупно 30 бодови. Победник во оваа класа беше домашниот натпреварувач и шампион од минатогодишниот отворен Источно-Европскиот шампионат, Николај Јовчев и со тоа ја најави одбраната на титулата.

tomovski-skok

Најмладиот наш претставник, 9-годишниот Лука Ристевски одлично се снајде против постарите натпреварувачи од класата ЕМХ65. Во првото возење тој стигна до 16-то место, додека во второто возење успеа да се пробие на 11-то место. Со вкупно 15 бодови Ристевски е моментално на 14-то место од генералниот пласман во конкуренција од 21 учесник. Победник беше Игор Кухарчук од Молдавија.

luka-risteski

Во класата ЕМХ85 помеѓу 26 натпреварувачи што стартуваа имавме двајца наши мотоциклисти: Христиан Станковиќ и Андријан Ристевски. Станковиќ во првото возење беше 15-ти, а во второто го подобри пласманот и заврши како 12-ти освојувајќи вкупно 15 бодови.

andrijan-ristevski

Ристевски беше 14-ти во првото возење, но во второто во борба за позиција имаше пад и потоа мораше да се задоволи со 20-то место. Тој освои вкупно 8 бодови. Најдобар во класата ЕМХ85 беше романскиот претставник Кристијан Томпа.

hristian-stankovic

Овој натпревар во Бугарија беше последен тренинг за македонските претставници пред настапот на „Гран При Македонија 2013“ кој ќе се одвива на 30 и 31 март на патеката Милци крај Гевгелија.

Извор: „МФМ“

Back To Top