Македонски подиум на крос трка која викендов се возеше на плажа во близина на градот Драч во Албанија

1157578 10201231654626549 1278304207 n

Македонски подиум на крос трка која викендов се возеше на плажа во близина на градот Драч во Албанија

Македонските кросисти имаа одличен настап на трката од отворениот шампионат и шампионатот во мотокрос на Албанија на трката која викендов се возеше во близина на градот Драч. 

Успехот на нашите натпреварувачи е уште поголем ако се знае дека трката се возеше на плажа крај Драч, тешка подлога за возење, а уште потешка ако за прв пат возите на неа.

1148863 10201231650866455 387639769 n

По покана од мото клубот „Албаниа Мотокрос“, натпреварувачите од „ЛТД Битола“-Битола и „Мотокрос Шари“-Тетово дојдоа до пехари во класите МХ2 и МХ3. Во класата МХ3 имавме и целосно македонски подиум, највисоко се искачи Костов Борче - Жолтио, втората позиција му припадна на Арбен Имери, а третата на Џавит Адили. Во класата МХ2 најголем успех забележа Гулевски Никола - Бабуш, освојувајќи го првото место, а Хамит Џеладини во првата трка го освои третото место. 

993387 607764879268656 1961331475 n

Следната трка на која ќе можат да ги продолжат успешните настапи е закажана за 1-ви септември во Самоков, Бугарија, а планот е потоа да настапат на трка од Источно-Европското првенство во Турција. До крајот на сезоната на меѓународен план ги чека уште две трки во Бугарија, а во домашното првенство за сега сигурна е само трката на 15 септември во Братиндол.

Back To Top