thumb_marin-sugarev-nova-apriliaПо стапките на својот поафирмиран клупски колега Слободан Ивчевски, и нашиот најталентиран млад мотоциклист Марин Сугарев за претстојната сезона во брзински мотоциклизам обезбеди нов мотоцикл..

marin-sugarev-nova-aprilia

По стапките на својот поафирмиран клупски колега Слободан Ивчевски, и нашиот најталентиран млад мотоциклист Марин Сугарев за претстојната сезона во брзински мотоциклизам обезбеди нов мотоцикл, со што уште во почетокот ги зголеми своите шанси за повисок пласман во Шампионатот на ЈИЕ, каде што ќе се натпреварува годинава.

- И покрај незавидната економска ситуација во која се наоѓа нашиот мотоспорт, сепак јас благодарение на мојата упорност и нескриена желба да бидам некој и нешто во овој спорт за претстојната сезона обезбедив нов мотоцикл со кој ќе бидам многу поконкурентен во својата класа, покрај многу поискусните и пореномирани колеги од Турција, Бугарија и од Србија. Така што со новата „априлија РС 125“ од италијанско производство ќе бидам рамо до рамо со моите ривали. Мотоциклот е комплетно подготвен за трки и едвај чекам да почне годинешниот шампионат, за да потврдам дека моите амбиции не се само празни зборови - рече младиот Марин Сугарев.

Извор: Нова Македонија
Back To Top