MK мотоциклисти на меѓународни трки

Мотокрос: Илиоски втор на Источно Европскиот шампионат во Турција

Христијан Илиоски го освои второто место на мотокрос трката од Источно Европскиот шампионат која викендов се возеше на патеката Хајраболу во Турција.

Следете нè на:

 

kiko-vtor-turcijaВтор пехар на втората трка од Источно Европскиот шампионат за Илиоски

Христијан Илиоски го освои второто место на мотокрос трката од Источно Европскиот шампионат која викендов се возеше на патеката Хајраболу во Турција.

Втората трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос овој викенд се возеше на патеката Хајраболу во Турција. МФМ имаше тројца свои претставници: Борче Костов во класата МХ, Андриан Ристевски во класата МХ85 и Христијан Илиоски во класата МХ1.

Популарниот Кико во најсилната класа го освои второто место, и со тоа го обезбеди вториот пехар во сезоната во Источно Европскиот шампионат, откако на првата трка во Серес финишираше како третопласиран.

ilioski-radutaИлиоски (#90) и Радута (#21) во борба за првата позиција

Илиоски имаше одлична можност да дојде и до победа на оваа трка, тој по стартот се најде на петтата позиција но за кусо време успеа да ги помине сите возачи. Возеше на првата позиција се до два круга пред крајот на трката кога водечкиот во шампионатот Романецот Адријан Радута успеа да го помине Илиоски. Последниот свиок на одличната патека ги подгреа надежите на многубројната турска публика чии симпатии ги освои Илиоски дека тој ќе биде победник но за жал Романецот успешно го затвори влезот во кривината, а Кико мораше да се задоволи со втората позиција.

Во класата МХ1 заради лошите временски услови се возеше само една трка, по која во генералниот пласман водечки е Адријан Радута (Романија) со 72 бода, втор е Тодор Тотев (Бугарија) со 67 бода, а на третата позиција е нашиот Илиоски со 62 бода.

ilioski-ristevski-kostovИлиоски, Ристевски и Костов пред почетокот на трките

Нашиот претставник во класата МХ85 Андријан Ристевски го забележа одличното петто место во Хајраболу. Заради лошите временски услови и во оваа класа се возеше само една трка, за Ристевски ова се нови бодови по оние од Грција каде имаше проблеми со моторот и не ги заврши двете трки.

ristevskiАндриан Ристевски со одличен настап во МХ85

Во класата МХ го имавме Борче Костов кој во конкуренција од 35 возачи на првата трка заврши на 11-та позиција, односно 5-ти во класата Ветерани, а на втората трка финишираше на 13-та позиција, односно 6-ти во својата класа. Ова е одличен резултат за Костов кој прокнижа нови бодови од Источно Европскиот шампионат.

kostovБорче Костов со одличен настап го продолжува учеството на Источно Европскиот шампионат

Следната трка се вози на 8-ти јуни на патеката Бузо во Романија.

 

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!