MK мотоциклисти на меѓународни трки

Мотокрос: Преседан на трките во Романија

Третата рунда од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се возеше на патеката Бузау во Романија заврши неславно откако беа откажани сите преостанати трки по падот на Бугаринот Тотев во класата МХ1.

Следете нè на:

 

buzau-1Илиоски и Костов на патеката Бузау во Романија

Третата рунда од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се возеше на патеката Бузау во Романија заврши неславно откако беа откажани сите преостанати трки по падот на Бугаринот Тотев во класата МХ1.

Христијан Илиоски - Кико и Борче Костов - Жолт беа двајцата македонски учесници на третата рунда од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос која викендов требаше да се вози на патеката Бузау во Романија.

Патот од скоро 1000км во еден правец за двајцата наши претставници не беше пречка да го продолжат настапот во регионалното натпреварување, Кико забележа одлични резултати во најсилната класа на првите две рунди освојувајќи го третото место во Грција и второто во Турција, а Костов во МХ Ветерани имаше солидни резултати.

Патот до Бузау кој траеше 12 часа за нашите натпреварувачи беше мотив повеќе да се докажат на меѓународна сцена, а најдобар показател за тоа беа подготовките за трката во класата МХ1. Во неа, нашиот Илиоски на слободниот тренинг го забележа најдоброто време, успехот го повтори и на вториот тренинг, а потоа на квалификациите забележа нов рекорд на патеката, резултат кој беше за две секунди подобар од времето на Романецот Адријан Радута.

Колку за споредба, Радута е водечки во шампионатот, тој на трката пристигна со својот тим составен од механичари, физиотерапевт па дури и кувар кој во шлеперот на тимот подготвуваше јадење. Нашите претставници пристигнаа со своето комбе, а во продолжение можете да ја видите разликата во боксовите.

arduta-kiko1Во преден план е комбето на Илиоски и Костов, а зад нив шлеперот на Радута

arduta-kiko2Задната страна на боксот на Романскиот тим

Дека со пари не може да се купи се покажа и четвртото официјално мерење пред првата трка во МХ1 на кое Илиоски повторно забележа најдобро време. И кога атмосферата во македонскиот табор беше на завидно ниво, се очекуваше победа на двете трки и 50 бодови за Илиоски во генералниот пласман во Романија се случи преседан.

Стартот на првата трка во МХ1 го одбележа падот на Бугаринот Тодор Тотев кој влета во романскиот натпреварувач по што остана со заглавена нога во задното тркало. Глетката беше навистина страшна бидејќи пожарикарите требаше да ја исечат задната вилушка од моторот за да ја ослободат ногата на Тотев.

buzau-trka-75Тотев од стравичната незгода на крајот се извлече без посериозни повреди

На трката Кико имаше одличен старт, изби на првата позиција и направи огромна предност пред крајот на првиот круг кога беше истакнато и црвеното знаме за повторен старт заради падот на Тотев. Потоа Бугарскиот мотоциклист беше однесен со амбулантно возило, а кога сите очекуваа повторен старт на трката дојде известување од надлежните дека возачите треба да се вратат во боксовите. Набрзо потоа пристигна и запрепастувачката информација, сите трки од Источно-Европскиот шампионат кои следуваа беа откажани.

Во прв момент беше нејасно зошто дојде до ваква одлука на челниците на Балканската Мото Унија кои се од Бугарија, иако сите возачи бараа трките да продолжат. Не помогна ниту нивното инсистирање, а ни повикот за разум од Романската мото федерација, одлуката на БМУ остана конечна, а возачите од Бугарија без приговори веднаш ги вратија транспондерите и започнаа со пакување. Беше симптоматично тоа што по половина час Тотев се врати на патеката без посериозни повреди.

buzau-trka-33Илиоски веднаш стана миленик на публиката која бурно го поздравуваше секој негов скок

На Илиоски му беше скратена можноста да избие на првата позиција во шампионатот, а Борче Костов во МХ Ветерани возеше само една трка во саботата на која го забележа деветото место. 

Во класата МХ1 во генералниот пласман состојбата остана непроменета, на првата позиција е Романецот Ардута, втор е Бугаринот Тотев, а трет е нашиот Илиоски. Иако разочарувањето во нашиот тим беше големо, Илиоски покажа дека е вистински шампион. Самоуверен и подготвен како никогаш до сега, тој со мислите веќе е на следната трка која претстојниот викенд ќе се вози во Босна и Херцеговина.

За галеријата од сите случувања во Романија кликнете овде.

За крај, за пофалба секако е реакцијата на Романскиот возач Ардута кој покажа дека е вистински спортист. Иако Илиоски е негов директен конкурент и му одржа вистинска лекција на домашната патека, на негова покана македонската експедиција остана на ручек и дружење пред да тргне назад кон Македонија, на уште едно 12 часовно патување.

 

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!