Пет возачи од Македонија, еден Црногорец и еден Грк ќе ја претставуваат Македонија на првата трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се вози на патеката Серес во Грција.

start-na-sezona

Пет возачи од Македонија, еден Црногорец и еден Грк ќе ја претставуваат Македонија на првата трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се вози на патеката Серес во Грција.

Иако за кросистите нема зима, сепак официјалната зимска пауза веќе е завршена и време е за почеток на трките од Источно Европскиот шампионат. Првата трка од вкупно 12 колку што се закажани во календарот се вози викендов на патеката Серес во Грција. Патеката е релативно нова, минатата година според нашите информации се одржа само една трка од Грчкото првенство на оваа патека, па ќе биде интересно да се следи трка на која до сега не настапиле сите возачи.

МФМ на оваа трка ќе има 7 претставници од кои 5 се македонски возачи, а оваа година ќе имаме прилика да следиме и возачи од соседните земји кои ќе настапат со македонска лиценца. Младиот Црногорец Виктор Иванович ќе не претставува во класата МХ2, а гркот Петрос Танусис ќе не претставува во класата МХ3.

viktor-ivanovic

Во класата МХ2 друштво ќе му прави и нашиот Христијан Станкович кој од оваа сезона ќе се натпреварува во оваа класа.

hristian-stankovic-nov

Во класата МХ3 ќе имаме двајца претставници, Борче Костов - Жолт и Гркот Петрос Танусис.

Motokros-Smolevo-2011-86

petros-tanusis

Во најмалата класа ќе вози талентираниот Андриан Ристевски од кој се очекува солиден резултат.

adrijan-ristevski-nova

За крај и најсилната класа, МХ1 во која имаме двајца претставници, Гоце Томовски и Христијан Илиоски. Двајцата веќе се појавија на подготвителната трка која изминатиот викенд се возеше на патеката Каротица во Грција и се надеваме дека на оваа трка ќе блеснат во вистинско светло и ќе се борат за највисокото место на пиедесталот.

kiko-nova

tomovski-nova

Да не се залажуваме, далеку од тоа дека ова ќе биде лесна трка, додека останатите возачи и тимови имаат солидни подготовки, нашите едвај крпат крај со крај. Финансиите како и до сега се главниот проблем па честопати иако располагаме со фантастично добри возачи не го добиваме заслуженото место на пиедесталот.

Апелираме до сите компании кои се во можност да ги помогнат нашите натпреварувачи да го сторат тоа, спонзорството колку и да се чини мало за нашите возачи значи многу.

Годинава во ИЕШ за мотокрос се закажани дури 12 трки од кои првата се вози на 23-ти март на патеката Серес во Грција. Според провизорниот календар во Македонија треба се возат две трки, едната во Гевгелија на 6-ти април, а втората на новата патека во Прилеп на 21-ви септември. Предвидени се трки и во Турција, Романија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Молдавија.

Во понеделник ќе бидат објавени резултатите и галерија од трката на која ќе присуствува и нашата екипа.

Back To Top