Нашиот искусен мотоциклист Слободан Ивчески ќе ја претставува Македонија на првиот натпревар од Европскиот и отворениот Источно-Европски шампионат во супермото за 2013 година што ќе се одржи на 12 мај на патеката во Арад, Романија.

CEE CNE Supermoto Arad 623

Нашиот искусен мотоциклист Слободан Ивчески ќе ја претставува Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на првиот натпревар од Европскиот и отворениот Источно-Европски шампионат во супермото за 2013 година што ќе се одржи на 12 мај на патеката во Арад, Романија.

Минатата година Ивчески успеа да го оствари најдобриот пласман на македонски мотоциклист на натпревари од европски ранг освојувајќи го 6-тото место во класата Опен.

Во годинешниот календар беа предвидени седум натпревари Европскиот шампионат, но во текот на минатиот месец беа откажани натпреварите во Турција, Австрија и Италија. Покрај натпреварот во Романија засега во календарот остануваат и две трки во Бугарија и една во Словенија. Титулата од минатата година ја брани Ангел Каранјотов од Бугарија.

Back To Top