MK мотоциклисти на меѓународни трки

Најава: Трета трка за Зизи во ИЕШ во Плевен

Патеката Долна Митрополија во Плевен (Бугарија) ќе биде домаќин на третата трка од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на која ќе настапи нашиот Игор Спиров - Зизи.

Следете нè на:

 

kraljevo-38Спиров последната подготовка ја имаше на трката од српскиот шампионат на патеката Краљево

Патеката Долна Митрополија во Плевен (Бугарија) ќе биде домаќин на третата трка од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на која ќе настапи нашиот Игор Спиров - Зизи.

Единствениот претставник од Македонија во Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам викендов ќе ја вози третата трка во сезоната. Игор Спиров кој настапува во класата SBKS600 во моментот е на петтата позиција во генералниот пласман.

Со оглед на тоа што во земјава нема трки со мотори, последна подготовка за Зизи беше трката од српскиот шампионат на патеката Краљево.

Тешко е да се натпреваруваш во Источно Европскиот шампионат без вистински подготовки па затоа ги користам сите можности кои ми се укажуваат како трката во Србија пред неколку недели. Дополнителен проблем е финансиската состојба кај нас и немањето на спонзори, а воопшто и климата во јавноста во која по медиумите малку се посветува внимание на мото спортот. Се надевам дека ваквата пракса ќе се промени и дека ќе го добиеме местото кое го заслужуваме. Се бориме за место на пиедесталот со минимални средства за разлика од колегите од соседните земји кои имаат поддршка од клубовите како и од спонзори кои инвестираат сериозни финансии во мото спортот. Со оглед на можностите се надевам на успешен финиш до крајот на сезоната, во зависност од тоа дали ќе се вози уште една трка во Серес според календарот кој беше објавен, би можел да атакувам на место од пиедесталот во генералниот пласман. Би сакал да им се заблагодарам и на сите кои на било кој начин ме помагаат, нивната поддршка навистина ми значи.- изјави Спиров

Во генералниот пласман по две извозени трки Спиров има 23 бода, еден бод помалку од Павел Драганов (Бугарија). На третата позиција е Далибор Милетич (Србија) со 28, а на втората е Спас Панев со 29 бода. Водечки во моментот е Бугаринот Пламен Петров кој забележа две победи на двете трки до сега.

По трката која викендов се вози во Плевен, остануваат уште две трки во календарот, една во Србија која требаше да се вози на патеката Батајница, а за која во моментов сеуште нема алтернативна патека, како и последната трка во Серес за која исто така е неизвесно дали ќе се вози заради состојбата на асвалтот на патеката.

 

Би можело да ве интересира

Станува збор за програма за изнајмување на мотоцикли која ќе биде достапна на сите продажни места на BMW.

„Можеби некои од шефовите во Yamaha ќе го погледнат бројот на порази и ќе прашаат зошто е тоа така“, Валентино Роси

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!