По состанокот на Балканската мото унија кој денеска се одржа во Софија беа објавени првичните верзии на календарите за шампионатите во брзински мотоциклизам и мотокрос.

По состанокот на Балканската мото унија кој денеска се одржа во Софија беа објавени првичните верзии на календарите за шампионатите во брзински мотоциклизам и мотокрос.

Кај Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам има неколку промени во однос на минатогодишниот календар. Според конечната верзија на календарот предвидени се вкупно 14 трки кои ќе се возат на 4 различни патеки во Грција, Бугарија, Србија и Романија. Шампионатот ќе започне со двојна трка во Серез (Грција) на 7-ми април, а и ќе заврши со двојна трка на истата патека на 29-ти октомври.

Балкански шампионат во брзински мотоциклизам 2017
Трка Датум Патека Земја
1 и 2 7-9 април Серез Грција
3 и 4 22-23 април Мотор Парк Романија
5 29-30 април Плевен Бугарија
6 и 7 20-22 мај Мотор Парк Романија
8 и 9 7-9 јули Серез Грција
10 26-27 август Плевен Бугарија
11 23-24 септември Батајница Србија
12 01-02 октомври Плевен Бугарија
13 и 14 27-29 октомври Серез Грција

Промени во официјалната верзија има и во календарот од Балканскиот шампионат во мотокрос:

Балкански шампионат во мотокрос 2017
Рунда Датум Патека Земја
1 18-19 март Јаница Грција
2 27-28 мај Крешево БиХ
3 10-11 јуни Лазареа Романија
4 17-18 јуни Глобаре Србија
5 9-10 септември Самоков Бугарија
6 7-8 октомври Тројан Бугарија

Познати е и календарот од Балканскиот ендуро шампионат, а Македонија ќе биде организатор на една од трките:

Балкански шампионат во ендуро 2017
Трка Датум Патека Земја
1 01-02 април Себис Романија
2 14-15 октомври Скопје Македонија
3 Треба да се потврди Треба да се потврди Грција

Беше објавен и календарот од Балканскиот супермото шампионат, три трки ќе се бодуваат и за Европскиот ендуро шампионат во класите SMJ и S3:

Балкански шампионат во супермото 2017
Трка Датум Патека Земја
1 29-30 април Плевен Бугарија
2 03-04 јуни Ќустендил Бугарија
3 26-27 август Плевен Бугарија
4 01-02 октомври Плевен Бугарија
Back To Top