На состанокот на Балканската мото унија кој вчера се одржа во хотелот Зира во Белград беа усвоени календарите за трки од Источно-Европските шампионати во брзински мотоциклизам, мотокрос и супермото.
На состанокот на Балканската мото унија кој вчера се одржа во хотелот Зира во Белград беа усвоени календарите за трки од Источно-Европските шампионати во брзински мотоциклизам, мотокрос и супермото.
Според новиот календар за мотокрос во 2015 година ќе се одржат седум рунди (по две трки) за разлика од минатата година кога на календарот се појавија дури 12 рунди. Она што е веднаш воочливо е иземањето на Романија од календарот по настаните кои се случија минатата година, а недостасува и втората трка во Македонија, онаа во Прилеп.
МОТОКРОС | |||
# | Датум | Патека | Земја |
Рунда 1 | 05 април 2015 | Јаница | Грција |
Рунда 2 | 12 април 2015 | Гевгелија | Македонија (ОДЛОЖЕНА) |
Рунда 3 | 26 април 2015 | Бурса | Турција |
Рунда 4 | 07 јуни 2015 | Крешево | Босна и Херцеговина |
Рунда 5 | 28 јуни 2015 | Глобаре | Србија |
Рунда 6 | 30 август 2015 | Самоков | Бугарија |
Рунда 7 | 04 октомври 2015 | Тројан | Бугарија |
Кај шампионатот во брзински мотоциклизам повторно е додадена патеката Батајница во Србија, иако минатата година не се возеше ни една трка во Србија, па ни во Грција, а шампионатот заврши само со три извозени трки во Плевен, Бугарија. Според планот за 2015 година ќе следиме две трки во Грција, по една во Србија и Романија, и 3 трки во Бугарија.
БРЗИНСКИ МОТОЦИКЛИЗАМ | |||
# | Датум | Патека | Земја |
Рунда 1 | 18 април 2015 | Серес | Грција |
Рунда 2 | 19 април 2015 | Серес | Грција |
Рунда 3 | 07 јуни 2015 | Батајница | Србија |
Рунда 4 | 14 јуни 2015 | Плевен | Бугарија |
Рунда 5 | 12 јули 2015 | Плевен | Бугарија |
Рунда 6 | 23 август 2015 | / | Романија |
Рунда 7 | 20 септември 2015 | Плевен | Бугарија |
Почетокот на сезоната во брзински мотоциклизам ќе биде специфичен заради двете трки во еден викенд, според планот рундата ќе започне во петок (17 април) кога ќе има тренинзи и квалификации.
На вчерашниот состанок беше објавен и календарот за шампионатот во Супермото кој за 2015 изгледа вака:
СУПЕРМОТО | |||
# | Датум | Патека | Земја |
Рунда 1 | 10 мај 2015 | Арад | Романија |
Рунда 2 | 14 јуни 2015 | Плевен | Бугарија |
Рунда 3 | 12 јули 2015 | Плевен | Бугарија |
Рунда 4 | 20 септември 2015 | Плевен | Бугарија |
На состанокот на БМУ присуствуваше делегација од МФМ, а денеска се закажани и доделувањата за нај успешните тркачи за 2014 на кои Македонија ќе има тројца свои претставници: Борче Костов - Жолт, трето место во класата МХ Ветерани, Христијан Илиоски - Кико, второ место во класата МХ1 во мотокрос и Аргетим Рамадани - трето место во класата 125цц во брзински мотоциклизам.
Минатата сезона по забележителни настапи на меѓународна сцена имаа и Игор Спиров - Зизи кој на крајот го освои 5-то место во конкуренција од 29 возачи во брзински мотоциклизам како и Слободан Ивчески - Цобо кој во супермото финишираше на 7-та позиција.