MK мотоциклисти на меѓународни трки

Победа за Бузалковски и второ место за Ивчески во Бугарија!

Одличен успех на нашите возачи во Бугарија, победа за Бузалковски и второ место за Ивчески!

Следете нè на:

 

87 возачи од Бугарија, Грција, Србија, Романија и Македонија викендов на патеката Плевен во Бугарија учествуваа на 10-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

pleven 2017 2 31Победа за Бузалковски во Плевен

Трката беше посветена на петкратниот шампион на Бугарија во Супермото, Сергеј Сергиев - Сижо, кој по сообраќајна незгода пред 22 години остана во инвалидска количка. Тој беше присутен на патеката со специјално адаптиран мотоцикл со кој сврте почесен круг и беше бурно поздравен од возачите во Долна Митрополија.

Во класата SP125 Христијан Бузалковски (МК Ендуро тим - Водно Скопје) дојде до долго очекуваната победа. Тој возеше одлично и во конкуренција на 10 мотоцикли прокнижи 25 бодови на неговото конто кои не само што му ја зацврстија третата позиција во генералниот пласман туку и го донесоа чекор поблиску до втората позиција. Милен Георгиев од Бугарија имаше проблеми со мотоциклот па остана со помалку бодови од Плевен, со што нашиот возач му се доближи на разлика од 13 бода во генералниот пласман.

Во генералниот пласман Жулиета Ленкова е водечка со 213 поени, пред Милен Георгиев со 199 и Христијан Бузалковски со 186.

pleven 2017 2 75Второ место за Ивчески во Плевен

Во класата F1000 Македонија имаше двајца претставници. Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) и Игор Спиров - Зизи (МК Ендуро тим - Водно Скопје). Нашите возачи стартуваа од првата и втората позиција по саботните квалификации и беа на добар пат да го повторат успехот и да ги видиме двајцата на подиумот. Ивчески и Спиров возеа одлично и покрај тоа што Михаил Атанасов (Бугарија) имаше фантастичен старт и се катапултираше од четвртата на првата позиција пред првиот свиок во Плевен. До крајот на трката Ивчески и Атанасов на два пати се поминуваа, а на крајот Бугарскиот возач беше поуспешен и заслужено дојде до победата. Ивчески пак со втората позиција прокнижи 20 бодови и во генералниот пласман ја превзема водечката позиција. Нашиот возач е на одличен пат да дојде до титулата БМУ Европски шампион во брзински мотоциклизам за 2017 година.

Pleven2b 23Игор Спиров - Зизи не ја заврши трката во Бугарија

Игор Спиров заради проблеми со моторот не ја заврши трката во Бугарија. Тој имаше добар старт и до третиот круг возеше во групата од четири мотоцикли кои ја предводеа трката, но за жал ламелите на неговиот мотоцикл не издржаа и тој мораше да се откаже. Тој прокнижа само 5 бодови на оваа трка но тие беа доволни за тој да се израмни во генералниот пласман со Кристиан Гута (Романија).

Во оваа класа во генералниот пласман водечки е нашиот Слободан Ивчески - Цобо со 135 поени, пред Петар Дианов (Бугарија) со 120 и Игор Спиров - Зизи со 93

Последните две трки од шампионатот се возат на патеката Серез во Грција на 28 и 29-ти октомври.

Би можело да ве интересира

Изминатиов викенд во Берово се оддржа првата ендуро трка во организација на МК „Мото Велес“ и МФМА која се бодуваше за македонскиот Ендуро шампионат.

Викендов на патеката Серез во Грција ќе започне македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Piaggio ги најави новите MP3 модели меѓу кои се подобрените верзии на скутерите со зафатнина од 500cc како и целосно новите 350cc верзии.

Иако ова не беше најдобро чуваната тајна, сепак денеска и официјално ни стигна потврда дека по завршувањето на сезоната 2018 од Светскиот Супербајк Шампионат ќе заврши и  соработката помеѓу Том Сајкс и Kawasaki Racing.

Уште откако за прв пат беше споменета можноста Triumph да биде снабдувач со мотори во Moto2 шампионатот, почнаа да се појавуваат шпекулации во однос на тоа каков ќе биде планот на Британската компанија во секторот на спортски мотоцикли.

Ова решение би можело да промени многу од проблемите со кои се соочуваат електричните превозни средства.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!