Христијан Илиоски дојде до нова победа на трките од отворениот Грчки шампионат во мотокрос, откако викендов забележа една втора позиција и една победа.

10409408 10204786719613217 2891324307843016962 n

Христијан Илиоски дојде до нова победа на трките од отворениот Грчки шампионат во мотокрос, откако викендов забележа една втора позиција и една победа.

„Натпреварот во Грчкиот шампионат кој се одржа во Јаница за мене беше добра трка. Саботата на квалификациите имавме убав топол ден со добро подготвена патека, се возеше одлично и имав најдобро време на квалификациите, но утрото во неделата заврна многу дожд, патеката стана многу лоша и се возеше во многу кал.

На првата трка имав добар старт, водев низ целата трка иако паднав на 10минута но мојата предност и тоа што моторот не ми изгасна ми дозволи да станам одма и да ја задржам предноста. За жал пред самиот финиш на 500 метри во последниот круг се лизнав паднав но овој пат изгасна моторот, изгубив драгоцено време и завршив втор.

11350406 10204786718533190 7356608478623797556 n

Во втората трка возев по внимателно и останав од почеток до крај на првото место. Најважно што сепак на тешката патека се направи добар тренинг и го донесов првото место во Грчкиот отворен шампионат со добри возачи и многу подготвени тимови. Оваа недела патувам за Србија-Глобаре на Источно Европски Шампионат од каде исто така очекувам добар резултат“. - изјави Илиоски по трките.

На Кико му посакуваме многу успех во понатамошниот дел од шампионатот, а нашиот тим ќе го следи Илиоски на трката од ИЕШ во Глобаре, очекувајте резултати и фотографии во текот на викендот.

Back To Top