Настап на Томовски на трка од Светскиот шампионат во мотокрос во Тројан, Бугарија.

Goce Tomovski

Настап на Томовски на трка од Светскиот шампионат во мотокрос во Тројан, Бугарија.

Во првото возење Томовски имаше добар старт и се проби за три места понапред. Сепак, во средината на трката додека беше на 20-тото место, последно кое обезбедува бод, тој имаше пад по кој изгуби неколку минути и на крајот мораше да се задоволи со 23-тото место. Трката ја поведе Герчар, но во вториот дел од трката не успеа да го задржи водството од одличниот Валкнер.  Австиецот без проблеми извојува победа, пред Герчар и Тимур Муратов од Русија кој настапува со германска лиценца.

Во второто возење Томовски имаше константно возење доволно за 22-то место. Валкнер поведе од стартот и не ја пропушти водечката позиција до самата целна линија. Втор беше Мартин Михек од Чешка, а трет Бертуцо.

Со двете победи и максимални 50 бодови, Валкнер е победник на „Гра При Бугарија – Тројан 2013“ пред Михек со 40 и Герчар со 38 бодови. Во генералниот пласман после два натпревари води Герчар со 72, пред Валкнер со 71 и Герт Крестинов од Естонија со 65 бодови.

Stankovic EMX85

Паралелно со најдобрите светски мотокрос учесници од класата МХ3, на 1.652 метри долгата патека се одржа и третиот натпревар од Европскиот шампионат во класите МХ65 и МХ85. Македонскиот претставник  Христиан Станковиќ оствари добри пласмани, освојувајќи нови бодови и приближувајќи се кон првите десет во генералниот пласман. Во првото возење Станковиќ беше 13., а во второто 12. Победник беше Лука Црнковиќ од Хрватска пред домашните натпреварувачи Ивелин Манев и Хакан Халми.

Извор: МФМ

Back To Top