Младиот Драган Ванов (МК Мото Велес) годинава забележа огромен успех откако го завери третото место во генералниот пласман во БМУ Европскиот шампионат во ендуро. Трките се бодуваа и за Романскиот ендуро шампионат па Ванов со истиот успех се закити со бронзата и на ова натпреварување.

Младиот Драган Ванов (МК Мото Велес) годинава забележа огромен успех откако го завери третото место во генералниот пласман во БМУ Европскиот шампионат во ендуро. Трките се бодуваа и за Романскиот ендуро шампионат па Ванов со истиот успех се закити со бронзата и на ова натпреварување.

Во класата јуниор се одржаа три трки, во Себис (Романија), Гревена (Грција) и Стенковец (Македонија). Драган на првата трка во Романија имаше успешен старт на првиот ден, а за жал заради технички проблем со моторот не заврши на вториот ден од натпреварувањето. 

off road show skopje 2017 18

Втората трка од шампионатот која се одржа во Грција за Ванов донесе нови искуства. Тој беше дел од грчкиот тим ИНА ТВ, но на крајот пропушти драгоцени бодови кои можеа да му ја донесат дури и титулата во овој шампионат.

На последната трка на Стенковец Драган форсираше на првиот ден со цел да ја надокнади предноста на Романските возачи, но доживеа сериозен пад при полна брзина на еден од брзинските тестови. Тој успеа да го заврши возењето со големи болки и повредена рака. По прегледот од страна на докторите беше инсистирано да му биде поставена лонгета на раката но тоа ќе значеше крај на надежите за шампионатот па Драган одлучи да вози и вториот ден. Драган возеше храбро и покрај сериозната повреда, тој ја заврши трката и дојде до третото место во шампионатот. 

off road show skopje 2017 76

Ванов се финансира од сопствени извори во спорт кој е екстремно опасен и скап, а од следната сезона тој влегува во класата на сениори. Според неговата изјава доколку успее да набави конкурентен мотоцикл како TM 300 2t, или BETA 300 2t ќе продолжи да се натпреварува и следната сезона.

На Драган му посакуваме многу среќа и се надеваме дека ќе најде финансии да продолжи успешно да ја претставува Македонија на меѓународна сцена.

Back To Top