Христијан Илиоски - Кико, нашиот најдобар мотокрос натпреварувач победи на двете трки од Источно Европскиот шампионат кои викендов се возеа на патеката Крешево во Босна и Херцеговина.

11006409 10152967915178869 3538556263788960535 n

Христијан Илиоски - Кико, нашиот најдобар мотокрос натпреварувач победи на двете трки од Источно Европскиот шампионат кои викендов се возеа на патеката Крешево во Босна и Херцеговина.

Победата за Илиоски на третата рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос беше најавена уште на квалификациите, кога успеа да ја помине патеката Крешево за време под 2 минути (1:58.904) што до сега му има успеано само нему. Колку за споредба, најголемиот конкурент на Илиоски во моментот, бугаринот Тодор Тотев имаше најдобро време од 2:02.844.

Неделните трки во најсилната класа МХ1 за Кико беа рутинско возење, благодарение на новиот мотоцикл Јамаха и неговиот талент и знаење, дојде до двојната победа во Крешево и во Македонија се враќа со пехарот за првото место.

Вториот наш натпреварувач Борче Костов кој настапува во класата MXV исто така имаше одличен настап во Босна. Тој и покрај повредата успеа да забележи две седми места кои му носат нови бодови во битката за титулата. Борче Костов - Жолт (МК Ноќни Волци) е единствен наш натпреварувач кој до сега настапи на сите три трки од шампионатот.

Шампионатот продолжува според следниот распоред:

МОТОКРОС
# Датум Патека Земја
Рунда 1 05 април 2015 Јаница Грција
Рунда 2 12 април 2015 Гевгелија Македонија (ОДЛОЖЕНА)
Рунда 3 26 април 2015 Бурса Турција
Рунда 4 07 јуни 2015 Крешево Босна и Херцеговина
Рунда 5 28 јуни 2015 Глобаре Србија
Рунда 6 30 август 2015 Самоков Бугарија
Рунда 7 04 октомври 2015 Тројан Бугарија
Back To Top