MK мотоциклисти на меѓународни трки

Успешен старт на сезоната во ИЕШ за натпреварувачите во брзински мотоциклизам

Успешен старт на сезоната во Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам за македонските натпреварувачи.

Следете нè на:

 

serres eec2 1Пехари за нашите натпреварувачи на првиот ден во Серес

Успешен старт на сезоната во Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам за македонските натпреварувачи.

Во класата SP125 Аргетим Рамадани го освои второто место, а Марин Сугарев третото! Аргетим Рамадани задоцни на загревачкиот круг заради што мораше да стартува од боксот, возеше одлично во текот на целата трка при што дојде и до првата позција, но заради проблеми со менувачот на крајот мораше да се задоволи со втората позиција.

Марин Сугарев прикажа одлично возење и сосема заслужено дојде до третата позиција на првата трка од сезоната прокнижувајќи 16 бодови на своето конто. Нашиот трет натпреварувач во класата SP125 Христијан Бузалковски немаше среќа да ја заврши првата трка заради проблеми со моторот. Бузалковски напредуваше многу од вчерашните тренинзи и денешните квалификации но неговиот мотоцикл не го издржа темпото и заради дефект на два круга пред крајот тој мораше да се повлече од трката.

Во класата F600 Игор Спиров Зизи го забележа шестото местоа иако имаше фантастичен резултат на квалификациите и трката ја започна од втората позиција. Зизи веднаш по стартот дојде до првата позиција и до крајот на кругот ја предводеше колоната но по спремните возачи го презедоа водството за на крајот нашиот натпреварувач да финишира на шестата позиција.

Нашиот втор натпреварувач во F600 Слободан Ивчески Цобо иако стартуваше од 9-та позиција во текот на трката успеа да се искачи до петтото место но на крајот финишираше како седми.

Во екипна конкуренција македонските претставници дојдоа до третата позиција благодарение на освоените бодови. Возбудувањата продолжуваат утре на патеката Серес во Грција кога се вози втората трка од сезоната во сите класи.

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.