Третата рунда од Источно Европскиот шампионат во ендуро ќе се вози овој викенд (15-17 мај) во близината на Аздавај, Турција.

turcija enduro

Третата рунда од Источно Европскиот шампионат во ендуро ќе се вози овој викенд (15-17 мај) во близината на Аздавај, Турција.

Турската мото федерација која е организатор на настанот се потруди околу сите детали па така учесниците можат навремено да се пријават за настанот, а достапни се и сите информации, од техничка регулација до совети како најлесно да се помине границата.

По подолг период на една трка од ИЕШ, натпреварувачите ќе се борат за парични награди и тоа:

Класи E1, E2, E3: 1. место: 2000 €, 2. место 1100 €, 3. место 750 €

Класи Јуниор, Жени и Ветерани: 1. место 1300 €, 2. место 800 €, 3. место 500 €

За пријава и учество на трката потребна ви е стартна дозвола и важечка лиценца од МФМ, а за влез во Турција организаторот препорачува да се извади АТА карнет за мотоциклите.

За пријава на трката кликнете на следниот линк: http://www.tmf.org.tr/machform/view.php?id=11715

Дополнително на учеството на трката од ИЕШ, секој возач со котизација од 100 евра може да вози и за Турскиот ендуро шампионат.

За целосната програма за настанот и саатницата кликнете овдe.

Back To Top