Патеката Плевен во Бугарија викендов ќе биде домаќин на третата трка од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на која ќе настапат 6 македонски натпреварувачи.

phoca thumb l pleven 2 19

Патеката Плевен во Бугарија викендов ќе биде домаќин на третата трка од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на која ќе настапат 6 македонски натпреварувачи.

По двете трки кои се возеа во еден викенд на патеката Серес, на ред е првата трка во Плевен која се бодува за отворениот Источно Европски шампионат во брзински мотоциклизам. Натпреварувачите на МФМ ќе бидат присутни во три класи: SP125, F600 и F1000.

Во класата SP125 ќе ги проследиме Аргетим Рамадани, Христијан Бузалковски и Марин Сугарев. Во класата F600 нашиот најдобро пласиран натпреварувач Игор Спиров - Зизи нема да настапи, а честа во 600-те ќе ја брани Слободан Ивчески - Цобо како и новајлијата Мартин Динковски кој за прв пат ќе настапи на трка од ИЕШ. Ветеранот Виктор Вешоски ќе настапи во класата F1000 и ќе биде единствен наш натпреварувач во оваа класа.

Во генералниот пласман, по две извозени трки состојбата е следна:

11136257 10152853114713869 7654485293405553473 o

Во класата F600 табелата изгледа вака:

11150653 10152853114688869 221221569964589010 n

Според календарот, по трката во Плевен не очекува уште една трка на истата патека, па потоа се вози во Романија и на крајот повторно Бугарија.

Календар на трки во ИЕШ (брзински мотоциклизам)
# Датум Патека Земја
Рунда 1 18 април 2015 Серес Грција
Рунда 2 19 април 2015 Серес Грција
Рунда 3 07 јуни 2015 Батајница Србија ОТКАЖАНА
Рунда 4 14 јуни 2015 Плевен Бугарија
Рунда 5 12 јули 2015 Плевен Бугарија
Рунда 6 23 август 2015 / Романија
Рунда 7 20 септември 2015 Плевен Бугарија
Back To Top