Пред неколку денa зборувавме за новиот 2013 Triumph Tiger Sport 1050, подобрената верзија на моделот кој британскиот производител го претстви на неодамнешното мото шоу во Брисел. 

big 1triumph-tiger-sport-2013-17

Пред неколку денa зборувавме за новиот 2013 Triumph Tiger Sport 1050, подобрената верзија на моделот кој британскиот производител го претстви на неодамнешното мото шоу во Брисел. 

Денес ќе објавиме нови фотографии од последниот производ на фабриката од Хинкли. Triumph Tiger Sport 1050е наследник на Triumph Tiger 1050 (кој пак е наследник на одличниот Tiger 955i од 2007). Придавката „Спорт“ на неговото име кажува многу за перформансите на новиот моторцикли. Новиот „Tiger“ е речиси комплетно реновиран и може да се пофали со нова естетика, поголема моќност (+ 10 коњски сили), променета шасија и сјајна, моно вилушка.

На неговиот три цилиндричен мотор е додаден нов издувен систем, редизајниран систем за внес на воздух и променет систем за вбризгување на гориво кој ќе овозможи да се достигне брзина до 125 коњски сили и  максимален број на вртежи од 104 Nm.

Во однос на суспензијата, новиот Tiger sport користи целосно приспособлива 43 мм „upside-down“ Showa вилушка со 140 мм растојание и Showa моно амортизери со опција за подесување од 150 мм на растојание. Предните сопирачки се составени од пар од радијално поставени клешти со четири клипови, плус дискови од 320 мм. Задните сопирачки се состојат од клешти со два клипа  и 255 милиметарски дискови.

Новиот 2013 Tiger sport ќе биде достапен во две бои, кристално бела и темно црвена. Иако сеуште не е објавено колкава ќе биде потрошувачка на гориво од Triumph велат дека ќе има подобрување од 7% во однос на километражата.

Торбите за опрема исто така ќе бидат поголеми. Секоја од нив ќе има носивост од 10 килограми. Неговата цена ќе биде објавена во Февруари, а се очекува првите примероци од моторот да бидат пуштени во продажба во март или април 2013 година.

Back To Top