Honda не е единствената компанија која оваа година ќе понуди нешто ново на пазарот.  Гласините за појачани Kawasaki машини се прилично стари, но денеска добија потврда преку овие слики од моделот R2, како што го нарекуваат инжињерите.

Honda не е единствената компанија која оваа година ќе понуди нешто ново на пазарот.  Гласините за појачани Kawasaki машини се прилично стари, но денеска добија потврда преку овие слики од моделот R2, како што го нарекуваат инжињерите.

Според интернет страната „MoreBikes“ која ја објави информацијата, овие слики потекнуваат директно од правниот оддел на Јапонската компанија, а се употребени за да се регистрираат сите нови елементи на моделот R2.

kawa r2 a

Како што се очекуваше, R2 е помала и по пријателска верзија на моќниот Kawasaki H2R. Како што може да се види од друга фотографија, мотоциклот ќе користи „trellis“ рамка, а ќе ја има и истата технологија за турбо полнење што ја има и големиот, спортски мотоцикл.

Во однос на дизајнот, R2 е нешто помеѓу актуелниот модел ZX-6R и H2R. Тој има и потенка, повеќе стандардна задна вилушка.

Издувот е преместен под опашката, а исто така и резервоарот за гориво е сместен под седиштето на возачот за да се ослободи повеќе простор за единицата за турбо полнење.

Минатата година Kawasaki во Европа го заштити името Ninja R,со што се потврдува новата шема на именување на мотоциклот кој треба да се најде во производство. Претпоставуваме дека моделот R2 ќе можеме да го видиме на EICMA шоуто кое ќе се оддржи во Милано во текот на Ноември.

„Turbo“ и „Supercharged“ мотоциклите се чини дека повторно стануваат популарни, особено бидејќи и Suzuki се подготвува да претстави сериска верзија од моделот Recursion. Има голема причина да веруваме дека и останатите компании размислуваат да почнат со производство на вакви мотоцикли.

Back To Top