Акрапович го претстави својот нов концепт на мотоцикл наречен „Full Moon“ на кастм-бајк шоуто во Бад Залцуфен, Германија.

akrapovic-fullmoon-4

Акрапович го претстави својот нов концепт на мотоцикл наречен „Full Moon“ на кастм-бајк шоуто во Бад Залцуфен, Германија.

Новиот концепт е направен во соработка со „Slovenian Dreamachine Motorcycles“, истата компанија со која Акрапович соработуваше во 2011 година кога го создадоа познатиот „Morsus“. Исто како и претходникот, новиот концепт е екстравагантен, мотор направен за промоција на брендот Акрапович.

Идејата зад концептот е продолжување на приказната која започна со Морсус, сепак „Full Moon“ има нов идентитет и карактеристики кои се различни од претходникот. Целта е да се остави публиката без здив, барем оние кои не биле доволно импресионирани од првиот модел, доколку воопшто имаше такви...

Идејата на дизајнерската куќа била да добијат мотор кој не може да се категоризира, мотор кој не припаѓа никаде, но истовремено припаѓа секаде, што го прави уникатен модел. Името на новиот концепт е добиено благодарение на огромното предно тркало со дијаметар од 30 инчи кое е целосно видливо па наликува на полна месечина. 

За изработката на овој концепт се потрошени 800 часа работа, во моторот е вграден „S&S Knucklehead“ агрегат со зафатнина од 1524cm3, кој дише преку два модификувани Акрапович издуви.

Дека се работи за технолошки напреден мотор не покажува само предното тркало кое има незабележани димензии. На моторот е вградена напредна хидраулика која му овозможува да стои во исправена положба кога ќе го паркирате, исто така управувањето е автоматизирано заради што и не се видливи никакви кабли на рачките.

Едноставно кажано, „Full Moon“ е мотор каков што не сте виделе до сега, и Акрапович е горд на тоа.

 

Back To Top