Мотоцикли

BMW ја претстави F серијата на GS моделите

Целосно освежување на GS моделите од F серијата најави BMW Motorrad оваа недела. Целта, како што велат од компанијата, е трансформација на овие 11 години стари мотоцикли во нешто ново што ќе може да се вози по секаков терен.

Следете нè на:

 

Целосно освежување на GS моделите од F серијата најави BMW Motorrad оваа недела. Целта, како што велат од компанијата, е трансформација на овие 11 години стари мотоцикли во нешто ново што ќе може да се вози по секаков терен.

bmw motorrad presents f series gs ultimate riding machines 13

Серијата за 2018 година, кој е претставена од F 750 GS и F 850 GS ќе го користи новиот дво цилиндричен мотор кој е креиран за да обезбеди поголема моќност како и број на вртежи. Моторот, кој има зафатнина од 853 cc кај верзијата 750 GS, има 77 коњски сили при 7,500 rpm додека пак кај моделот 850 GS тоа изнесува 95 коњски сили при 8,250 rpm.

bmw motorrad presents f series gs ultimate riding machines 33

Како и кај сите мотоцикли, звукот кој се создава игра голема улога, а од компанијата ветуваат дека мотоциклите ќе имаат многу моќен звук. Покрај новите мотори, моделите од F серијата имаат и нова челична рамка, а резервоарот за гориво е сместен помеѓу седиштето и рачките за возење. Исто така има и нова телескопска вилушка.

bmw motorrad presents f series gs ultimate riding machines 53

Како стандарден дел на новата серија ќе дојдат и неколку уреди кои ја зголемуваат безбедност меѓу кои се ABS сопирачките како и режимите за возење на суви и влажни услови. Возачите ќе можат да одберат доколку сакаат да ја прилагодат електронската суспензија, а исто така има и 6.5 инчен TFT екран.

bmw motorrad presents f series gs ultimate riding machines 11

„F 750 GS е наменет за сите возачи кои преферираат концептуален дизајн на ендуро мотоцикл комбиниран со ниска позиција на седиштето, голема моќност и висока ефикасност,“ велат од BMW.

„Спротивно на ова, новиот F 850 GS, покрај тоа што нуди поголема моќност и број на вртежи, има многу поспецифични туринг карактеристики како и супериорни туринг можности.“

bmw motorrad presents f series gs ultimate riding machines 24

Во моментов сѐ уште не е позната цената на новите модели, а наскоро очекуваме информација од увозникот за БМВ мотоцикли во Македонија, Динамикс.

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.