Мотоцикли

BMW ќе претстави ексклузивен модел на шоуто во Шангај

BMW Motorrad имаше одлична продажба во Кина минатата година, а бројката се зголеми за 52.7 проценти во споредба со 2015 година. Производителот на мотоцикли ќе продолжи да претставува нови модели тука, а еден од нив ќе дебитира и на 2017 Шангај Ауто шоуто.

Следете нè на:

 

BMW Motorrad имаше одлична продажба во Кина минатата година, а бројката се зголеми за 52.7 проценти во споредба со 2015 година. Производителот на мотоцикли ќе продолжи да претставува нови модели тука, а еден од нив ќе дебитира и на 2017 Шангај Ауто шоуто.

bmw motorrad announcing exclusive hp4 race model for 2017 3Концепт: BMW HP4 RACE 2017

Германската компанија продолжува да расте и во 2017 година, а во моментов е доста застапена на пазарот за премиум мотоцикли и макси скутери.  До крајот на 2017 година ќе бидат претставени уште 14 нови или редизајнирани модели.

BMW Motorrad најави дека ќе претстави различни модели на Ауто Шангај 2017, а меѓу нив ќе бидат и најновите верзии на ултра спортските BMW S 1000 RR и BMW S 1000 XR. Но тие најавуваат дека ќе го претстават и најексклузивниот модел направен досега.

Кој би можел да биде тоа? Сигурно нема да биде уште една R nineT верзија ниту пак авантуристички модел како што е R1200GS. Исто така, специјалниот K1600B, кој е најновиот модел на компанијата, беше специјално направен за американскиот пазар.

Ова може да значи само едно нешто – спортски мотоцикл со високи перформанси. А ако се сеќавате, BMW Motorrad  ја претстави концепт верзијата на HP4 RACE моделот во ноември минатата година.

Тогаш, компанијата го претстави овој модел како најнапредниот, најекслузивниот мотоцикл кој досега бил произведен од BMW Motorrad. Затоа овој модел би требало да се најде на врвот на нашата листа.

BMW HP4 RACE 2017 ќе биде ултра премиум верзија на S 1000 RR и ќе има голем дел на елементи направени од јаглеродни влакна кои пак дополнително ќе ја намалат тежината на мотоциклот.

Иако се уште немаме доволно информации за моделот, можеме да кажеме дека HP4 RACE ќе има рамка и бандаши кои ќе бидат изработени од јаглеродни влакна и ќе биде главен ривал на отанатите модели меѓу кои е и Ducati 1299 Superleggera. Останете со нас за да дознаете повеќе детали.

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!