„ICONIC 1000“ е начинот на кој BMW Motorrad ќе го прослави јубилејот од 100 години постоење на компанијата, а мотоциклите кои ќе ги понудат ќе бидат во ограничена количина.

Доколку планирате да купите нов BMW мотоцикл сега е вистинското време да го направите тоа. Пресметајте колку пари имате на располагање, посетете го дилерот на BMW и одберете мотоцикл кој е дел од  „ICONIC 1000“ колекцијата. „ICONIC 1000“ е начинот на кој BMW Motorrad ќе го прослави јубилејот од 100 години постоење на компанијата, а мотоциклите кои ќе ги понудат ќе бидат во ограничена количина.

Може да претпоставите дека само 100 мотоцикли од секој модел ќе бидат понудени. Поради тоа тие ќе бидат навистина барани, а сигурно е дека ќе сакаат да ги купат и колекционерите. Додека го читате текстот, можеби веќе некој го нарачува својот омилен модел на BMW. Четири модели од сезоната 2016 се дел од колекцијата. Меѓу нив се: R1200GS, R1200GS Adventure, R1200RT и R1200RS. Очекувавме и дека моделите 1200 boxer ќе бидат додадени.

BMW ќе прослави сто години постоење со лимитирана „ICONIC 1000“колекција на мотоцикли

Двете GS машини не враќаат назад во осумдесетите и на релито Дакар. Ние едноставно ја обожаваме комбинацијата на модерни, агресивни линии на актуелните мотоцикли од оваа линија кои се надополнети со црвено-сино-бела шара.

Седиштата се црвени и имаат форма на дијамант и веројатно тоа е првото нешто кое ќе го забележите кај нив.  И двата мотоцикли се опремени со Shift Assist Pro, а моделот Adventure има црни шипки по страничните делови на мотоциклот како и место за багаж. Цената на овие мотоцикли се очекува да биде помеѓу 21.500 и 23.000 евра.

Впечатлива боја за R1200RT

Следен доаѓа R1200RT кој има навистина впечатлива боја. BMW Motorrad го одбраа „Candy Burgundy Smoked Effect“ инспирирани од моделот  „Lava Rot“ R100RT од седумдесетите. Седиштето е црно со црвени линии, а исто така го има и ICONIC 100 логото. Мотоциклот е опремен со аудио систем како и со опрема од BMW која вклучува: Hill Start Control, Headlight Pro и Riding Mode Pro. Неговата цена се очекува да биде 26.000 евра.

Моделот R1200RS доаѓа со „Black/Silver Smoke Effect“  кој има црвени линии слични како кај моделот R90S „Smoke Grey“ од 1976 година. Седиштето исто така има црвени линии, а предната вилушта има златна боја. Цената за овој модел се претпоставува дека ќе биде околу 19.000 евра. 

Back To Top