Мотоцикли

Cagiva ќе се врати како електричен оф роуд мотоцикл на MV Agusta

Откако се повлече од јавноста во изминативе две децении без некоја очигледна причина, Cagiva повторно ќе се појави на пазарот како комплетно нов мотоцикл.

Следете нè на:

 

Според Џовани Кастелиони, носителот на правата на брендот Cagiva, новиот мотоцикл најверојатно ќе биде електричен и ќе биде наменет за оф роуд натпреварување. Во моментов нема објавено дополнителни детали.

Во осумдесетите години од минатиот век, Cagiva беше дел од кампањата во која беа преземени Ducati, Moto Morini, Husqvarna како и трговските права за брендот MV Agusta. Десет години подоцна Ducati и Moto Morini беа одново продадени, а за Cagiva речиси сите престанаа да зборуваат. MV Agusta стана главниот бренд и ги опфати Cagiva и Husqvarna.

Cagiva set to make comeback 2019 2

Во светот на мотоциклите Cagiva го започна своето постоење во мотокрос класата. Тие најпрво ги подржуваа, а потоа и влегоа во светот на Гран При трките, а првата победа ја постигнаа на патеката во Унгарија во 1992 година. Тие исто така беа дел и од релито Дакар.

За возење на асфалт, првиот мотоцикл на Cagiva беше Alazzurra 350 кој имаше мотор од Ducati. Последниот модел кој го направија беше Xtra Raptor 1000 и беше придвижуван со помош на мотор од Suzuki. Произодството на мотоциклите на Cagiva престана во 2012 година.

Според motorcycle.com, компанијата најверојатно на пазарот ќе се појави со имињата на кои се уште има сопственост, Mito, Elephant и SST.

EICMA мото саемот ќе се оддржи во ноември во Милано, Италија и сигурно до тогаш ќе се појават нови информации за брендот.

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.