Логично е Дукати да „извади“ и соголена верзија од популарниот нов модел, но ќе мора да почекаме до саемите за мотоцикли оваа година за да видиме дали тоа ќе се претвори во реалност.

Со оглед на тоа дека V4 спортскиот мотоцикл на Ducati веќе пристигна во изложбените салони, моделот веќе го привлече вниманието на многумина со познатите Panigale линии, целосно нова рамка како и нов мотор кој има 211 коњски сили. Но со оглед на цената која беше потребна за негово производство, се верува дека Ducati ќе се обиде да извлече најмногу од него. Гледајќи го нивниот ривал Aprilia, чиј што соголен модел Tuono V4, има далеку поголема продажба од RSV4, не е тешко да претпоставиме кои ќе бидат следните планови на Ducati со V4.

DUCATI STREETV4 MOTOfbx

Нашите предвидувања се дека соголениот V4 Streetfighter ќе се појави на пазарот некој период во 2019 година. Можете да очекувате враќање на „Stradale“ моторот кој ќе има помала моќност. Таа би требало да изнесува помеѓу 185-190 коњски сили и би ги оставил зад себе 170-те коњски сили кои ги има Tuono, KTM Superduke и BMW S1000R.

Изгледот би можел да позајми делови од претходните Streetfighter модели, а Ducati сигурно ќе сака да прикаже и како изгледа новиот мотор. Тие сигурно ќе сакаат да го направат во најголем можен стил, целосно соголен и без никакви пластични делови на него.

Најверојатно ќе има основен модел како и специјална S верзија. Мотоциклот ќе ја има стандардната Ohlins суспензија, полесни тркала како и додатоци изработени од јаглеродни влакна. Во продолжение погледнете го видеото.

Back To Top