Мотоцикли

Дебитираа новите модели на Honda: Rebel 500 и Rebel 300

Нова генерација на возачи ќе ја започнат својата авантура на новата генерација на моделот Rebel, откако Honda ги претстави моделите за сезоната 2017, Honda Rebel 300 и Honda Rebel 500.

Следете нè на:

 

Тешко дека ќе може да се избројат возачите кои своите први чекори во светот на мотоциклите ги направиле на моделот на Honda, Rebel.

Сега, нова генерација на возачи ќе ја започнат својата авантура на новата генерација на моделот Rebel, откако Honda ги претстави моделите за сезоната 2017, Honda Rebel 300 и Honda Rebel 500.

И двата модели ги користат истите електронски делови што ги има кај CBR500R и CBR300R, а висината на седиштето изнесува 69cm.

2017 Honda Rebel 300 01Honda Rebel 300

Ќе бидат достапни од април 2017 година. Цената на Honda Rebel 300 се очекува да биде околу 4500 евра, а цената на Honda Rebel 500 на 5800 евра.

И двата модели ќе преставуваат одлична можност за новите возачи да навлезат во светот на мотоциклите и кои можеби немаат ниту финансии ниту желба да купат поскап мотоцикл.

2017 Honda Rebel 500 blackHonda Rebel 500

Атрактивен и достапен, новиот Rebel се чини дека е одличен потег на Honda за да привлече нови возачи.

comments

Би можело да ве интересира

Марк Маркез и Дани Педроса тајно тестираа нова карбонска задна вилушка на нивната RC213V машина на пред сезонските тестови.

Suzuki поднесе неколку патенти за полу автоматска трансмисија која би можела да се најде во следната генерација на Hayabusa моделите.

„Во однос на безбедноста, Cornering ABS на предното тркало го прави она што контролата на тракцијата го прави на задното тркало.“

Џејмс од MCN помина 7000 километри на Metzeler Roadtec 01 пневматиците и еве што имаше да каже за нив.

Бројот на медиуми посветени на мотоциклите постојано се менува, а таквите промени влијаеа врз една доста популарна интернет страница: Motocycle.com.

Индијците претставија концепт на хибриден крузер кој се надеваме дека ќе го видиме во продукциска фаза.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!