motori ducati-panigale-1Вториот примерок од Ducati Panigale пристигна во салонот на Динамикс во Скопје. Со првиот имавме само кратка средба пред да биде предаден на својот сопственик, но затоа пак со овој имавме доволно време да направиме неколку фотографии.

ducati-panigale-1

Вториот примерок од Ducati Panigale пристигна во салонот на Динамикс во Скопје. Со првиот имавме само кратка средба пред да биде предаден на својот сопственик, но затоа пак со овој имавме доволно време да направиме неколку фотографии. {gallery}panigale-tabla{/gallery}

При нашата посета на фабриката во Болоња во која се произведува Дукати, имавме прилика детално да се запознаеме со ѕверот наречен Panigale, притоа, една работа не остави вчудоневидени. Имено, Panigale е мотоцикл кој верувале или не, нема рам. Колку и да звучи чудно, овој мотоцкл доаѓа со агрегат на кој е монтирано се. Првиот пат кога нашиот домаќин ни го предочи ова, помисливме дека се работи за слабо познавање на англискиот јазик и дека не се разбираме. Се додека не пристигнавме на монтажната лента каде пред нашите очи се склопуваше Panigale-то.

ducati-panigale-9

Се започнува од моторот, на предниот дел поставен е отвор во кој се поставува предната вилушка, а задната моно вилушка е поставена на долниот дел од блокот. Седиштето се штрафи од горниот дел, па затоа и амортизацијата е поставена странично. Мотоциклот едноставно нема рам, се е поставено на самата машина. За жал немавме прилика да провериме како функционира циклистиката на ова чудо, но се надеваме дека наскоро од прва рака ќе можеме да ви го опишеме возењето на Panigale. {gallery}panigale-detali{/gallery}

Уште една од работите кои го карактеризираат Panigale е електрониката која кога моторот е ладен, без разлика колку ја навртувате рачката за гас не дозволува да го „горите“ моторот. Истата електроника се грижи и за правилното разработување на моторот, па така во првите километри нема да можете да горите гуми :) {gallery}panigale-other{/gallery}

Неверојатното чудо од машина наречено Panigale е изложено во салонот на Динамикс на Рузвелтова во Скопје, може да се погледне секој ден од 09.00 до 18.00 часот, а во зависност од далобичаната на вашиот џеб, можете да се одлучите за следните модели:

DUCATI  1199 PANIGALE 19.490 €
DUCATI  1199 PANIGALE ABS
20.490 €
DUCATI  1199 PANIGALE S 23.990 €
DUCATI  1199 PANIGALE S ABS 24.990 €
DUCATI  1199 PANIGALE TRICOLORE 28.990 €

Back To Top