Кај Ducati 959 Panigale 2016 инжињерите го појачаа крајниот и средниот вртежен момент со тоа што ја зголемија зафатнината на моторот за 57cc.

Новиот издувен вентил заедно со мапирањето на горивото/палењето, се надополнување на мотоциклот, а исто така запазени се и строгите Euro 4 стандарди за емисии на гасови кои ќе почнат да се имплементираат од следната година. За жал запазувањето на Euro 4 стандардот значеше и зголемен издув кој воопшто не наликува на претходниот модел. Овој модел развива 157 коњски сили.

ducati panigale 959 2016 2

Шасијата и суспензијата се исти како претходно но панелите имаат неколку естетски промени, поширок преден дел и поголеми отвори за влез на воздухот.  Задниот дел како и ретровизорите исто така се променети.  Овој мотоцикл исто така има придобивки и од алуминиумскиот сет. Стандардните електронски делови вклучуваат осумнасочна, прилагодлива тракција, тро насочна моторна контрола на сопирање како и неколку нивоа на ABS сопирачки.

Back To Top