Дукати го искористи традиционалниот прес за претставување на нови модели пред почетокот на „EICMA“ да ни го покаже и новиот ѕвер, Monster 1200.

monster-1

Дукати го искористи традиционалниот прес за претставување на нови модели пред почетокот на „EICMA“ да ни го покаже и новиот ѕвер, Monster 1200.

За Дукати моделот Monster има огромна важност, тоа е моторот кој е во срцата на сите вработени во Дукати, според зборовите на Клаудио Доменикали, извршниот директор на компанијата. Имавме ексклузивна можност да присуствуваме на презентацијата на новиот Monster 1200 во Милано, еден ден пред неговата промоција на саемот „EICMA“.

Новиот Monster ќе биде достапен во две верзии, Monster 1200 и „S“ верзија која е значително подобра од „обичната“. Агрегатот на новиот модел е наречен „Testastretta 11° DS“ има зафатнина од 1198цц и развива 135кс, додека пак „Ѕ“ моделот развива 145кс. Двата модела од фабрика доаѓаат со стандарден „ABS“ систем и контрола на тракцијата, а електрониката е на тоа ниво што можете да одберете помеѓу неверојатни 8 нивоа на контрола на тракција, 3 нивоа на „ABS“ и 3 нивоа на „Ride-by-wire“.

monster-2

Новиот модел доаѓа со нова шасија и нов дизајн за кој нај заслужен е главниот дизајнер на „Volkswagen“ групацијата, Валтер де Силва. Соработката на Дукати со Ауди се покажа на дело, а суптилниот но моќен дизајн на новиот Monster е плод на оваа соработка. Шефот на инженерите беше поканет на бината од страна на Доменикали и на прашањето што најмногу го импресионирало кај новиот модел одговори -„Освен електрониката која е на завидно ниво, мене посебен впечаток ми остави позицијата за возење која е драстично подобрена во однос на претходниот модел. Впрочем пред финалниот производ имавме два други модели кои беа готови за презентација, но не бевме задоволни, сакавме совршенство, па почнувавме од почеток и затоа денеска пред вас е најдобрио Monster до сега“.

monster-3

Двата модела нудат суспензија која може да се подеси според потребите на возачот, но „S“ верзијата е опремена со 48мм Охлинс вилушки и заден Охлинс амортизер, кај овој модел стандардна опрема се и Брембо сопирачките истите кои се користат и кај врвниот Панигале.

Рамот традиционално е челичен, иако видливо е потенок од рамот на претходниот „Monster“, според видеото кое го видовме има далеку подобри перформанси заради материјалите од кои е изработен. Новиот модел се одликува и со седиште кое е подесиво по висина, фелни од лесни легури и моно вилушка, сето ова комбинирано во еден мотор е нешто што заслужува да му се посвети внимание.

monster-4

Цената за Македонија сеуште не е позната, а техничките карактеристики ќе ги објавиме по нашето враќање од саемот „EICMA“ во Милано, кој имаме прилика да го посетиме благодарение на нашата соработка со Динамикс.

Back To Top