Мотоцикли

Еве го новиот BMW R1250GS кој ќе има „Shiftcam“ технологија

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Следете нè на:

 

И покрај големиот број на информации кои ги знаевме досега, сепак Германската компанија успеа да не изненади.

Ова пред се се должи на „Shiftcam“ технологијата која BMW ја разви за својот мотор. Првично очекувавме да има технологија која се базира на вентили но сега гледаме како BMW планира да ја исполни својата цел. Концептот е прилично едноставен. Еден сет на „cam lobes“ е за нормално возење и обезбедува подобар пренос на моќта како и поголема економичност додека пак другиот сет е за поагресивно возење. „Camshaft“ потоа ги придвижува вентилите во зависност од притисокот врз гаста. Ова е интересен пристап за исполнување на една релативно едноставна цел.

1000x1000 2019 bmw r1250gs cikti 626744473

За среќа, за сето ова полесно да го разбереме имаме и видео. Тоа е најверојатно промотивниот материјал кој ќе го видиме и на INTERMOT и ни покажува две работи: Како ќе изгледа новиот GS и како функционира оваа нова технологија.

Видеото исто така ја потврдува и моќноста која ќе ја има овој мотоцикл, а која ќе изнесува 136 коњски сили, 105 lbs број на вртежи, а исто така можеме да видиме и дека нема премногу промени во однос на изгледот.

За неколку недели очекувајте да го видите и неговото официјално деби. Покрај со овој модел, BMW ќе дебитира со уште девет модели од кои 5 ќе бидат од серијата „R“. Сите овие мотоцикли ќе го имаат „Shiftcam boxer“ моторот.

Засега сѐ уште не знаеме какви ќе бидат другите четири модели. Можеме да претпоставиме дека помеѓу нив ќе се најде и BMW G310RR 2019 спортскиот мотоцикл.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.