Мотоцикли

[галерија] Ducati Panigale V4

Ducati Panigale V4 2018 и официјално имаше свое деби пред мото шоуто во Милано. Новата машина со зафатнина од 1103ццм има неколку импресивни бројки: 214кс на радилица и тежина од 174 килограми.

Следете нè на:

 

Ако сте хард кор фан на Ducati, тогаш сигурно засекогаш ќе се сеќавате на овој ден бидејќи Ducati  одлучи да го напушти својот v-twin супербајк дизајн и да го направи првиот четири цилиндричен агрегат.

Ducati Panigale V4 2018 и официјално имаше свое деби пред мото шоуто во Милано. Новата машина со зафатнина од 1103ццм има неколку импресивни бројки: 214кс на радилица и тежина од 174 килограми.

2018 Ducati Panigale V4 29

На овој модел од страна на Италијанците повеќе се гледа како на еволуција на Ducati 1299 Panigale супербајк дизајнот. Големи промени има и кај моторот „Desmosedici Stradale“ кој има радилица под агол од 70° како и нови таканаречени „Twin Pulse“ клипови. Ова го прави агрегатот на Desmo Stradale V4  повеќе како два соединети „v-twin“ мотори.

Секако, компанијата не направи промени само на машината. Ducati Panigale V4 е навистина уникатен мотор. „Cornering ABS“ сопирачките се стандарден дел, а исто така вклучен е и „dynamic slide contol“ на Bosch кој им овозможува неверојатна контрола и безбедност на возачите. Ducati исто така го подобри и брзиот менувачот на брзини кој се адаптира во зависност од тоа како го возите мотоциклот. Како и кај претходните генерации, шасијата на мотоциклот е изградена директно на агрегатот, а исто така има и моно вилишка.

Основната верзија користи 43mm Showa вилушка на која има целосно прилагодлив Sachs амортизер. Верзијата „S“ има Öhlins NIX-30 вилушка и Öhlins TTX36 амортизер. Ducati Panigale V4 исто така има и комбинација од Литиумска – Ионска батерија, алуминиумски бандажи и подрамка изработена од магнезиум (кај основната верзија подрамката е изработена од алуминиум).

Со оглед на тоа дека агрегатот тежи само 64 килограми, овој супербајк на Ducati е еден од најлесните на пазарот. Ducati Panigale V4 тежи само 5 килограми повеќе од Ducati 1299 Panigale што е навистина импресивно за четири цилиндрична машина. На ова додадете ги и титаниумскиот издув изработен од Акрапович како и нова контролна единица па јасно е зошто моторот развива 226кс.

Според нашите информации цената за „послабиот“ модел во Македонија ќе биде 23.000 евра, додека за „S“ моделот ќе треба да се одвојат 4-5.000 евра повеќе. Додека да добиеме потврда за конечните цени и датумот на продажба, уживајте во фотографиите.

Би можело да ве интересира

„Лошо поврзаните гумени црева би можеле да се стопат, да истече горивото и да предизвика пожар“

Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!