Victory го претстави новиот модел Magnum X-1 Stealth Edition, инкарнација на моделот Magnum кој меѓу другото остана запаметен по аудио системот.
Magnum X-1 Stealth Edition е новиот „ѕвер“ на Victory, лимитирана едиција која го привлекува вниманието на прв поглед.
Од фабрика моделот доаѓа со 21 инчни тркала кои се затемнувани при самото производство, а модификациите одат до таму што дури и светлото е затемнето.
Новиот Magnum X-1 е опремен со моќен аудио систем, па така додека кулирате на прекрасниот мотор, ќе можете да уживате во звукот на 200 ватниот сараунд со 10 звучници!
Цената сеуште не е позната, а моделот се очекува да биде достапен за нарачка од месец март.