Мотоцикли

Гласини: Наскоро ќе се појави Street-Touring верзија на Kawasaki H2

Во мото индустријата во овој момент кружи една информација дека Kawasaki Ninja H2 наскоро ќе добие „sport-touring“ верзија.

Следете нè на:

 

Ми се допаѓа оваа гласина и што таа ни кажува. А особено ми се допаѓа фактот дека таа е постојано присутна и никако да исчезне. Во мото индустријата во овој момент кружи една информација дека Kawasaki Ninja H2 наскоро ќе добие „sport-touring“ верзија. Овој Kawasaki Ninja H2 GT, како што некои го нарекуваат, ја зема оригиналната верзија и ја прави малку подобра, особено за возење на подолги релации.

H2GT

Останува да видиме како Kawasaki планира да ја прошири „supercharger“ линијата на мотоцикли: дали ќе има само мала промена за да се приспособат на различните видови на возење или пак од компанијата ќе дебитираат со целосно нов дизајн на шасијата.

Исто така ќе биде интересно и да се види со што Kawasaki планира да им стане конкурент на новите Honda Gold Wing и BMW K1600GT серии и дали ќе им понуди нешто повеќе на возачите од она што во моментов го има.

Се чини дека Kawasaki ќе се одлучи за другата опција, да понуди нешто повеќе при подолги патувања. Но во секој случај, тоа сигурно ќе биде нешто спортско, како што направи Австриската компанија со KTM 1290 Super Duke GT.

Времето ќе покаже која од овие гласини на крајот ќе излезе како точна.

Извори: Canada Moto Guide и Moto-Station

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.