Сузуки напаѓа на пазарот за брзински мотоцикли со мала зафатнина, се појавија гласини дека Suzuki GSX-R250 е во подготовка

Suzuki е последната Јапонска компанија од која очекувате да произведе мал, спортски мотоцикл кој ќе има помеѓу 250cc и 300cc. Но не плашете се, бидејќи се појавија гласини дека Suzuki GSX-R250 е во подготовка.

Според одредени медиуми, за името на моделот се уште се дискутира, веројатно бидејќи е тешко да се замисли Suzuki да претстави на пазарот машина која ќе има 250cc, во моментот кога нејзините најблиски ривали ја зголемуваат понудата на мотоцикли кои ќе имаат повеќе од 250cc.

Suzuki GSX R250 render

Очекуваме Suzuki да се појави со машина која ќе има два цилиндри. Kawasaki и Yamaha веќе имаат понудено дво-цилиндрични мотоцикли на пазарот, а во следните неколку месеци истото се очекува да го направи и Honda.

Реалноста не е дека малите мотоцикли одеднаш имаат голема продажба на мото пазарите, туку дека овие мотоцикли конечно го добиваат вниманието на производителите. Претатавувањето на Suzuki GSX-R250 се очекува да биде кон крајот на годината. 

Back To Top