На мотошоуто ECIMA 2015, успеавме да направиме неколку фотографии од MGX-21, мотоцикл од MotoGuzzi кој само што ја заврши првата фаза од развојот.

MGX21 2

На мотошоуто ECIMA 2015, успеавме да направиме неколку фотографии од MGX-21, мотоцикл од MotoGuzzi кој само што ја заврши првата фаза од развојот.

Кога Moto Guzzi ги претставија машините California 1400,  помисливме дека ова е модел кој е многу сличен на класичните мотоцикли во оваа класа. За среќа California 1400 прерасна во вистински мотоцикл за патување, и веќе можеме да кажеме дека цела класа на мотоцикли може да настанат од овој основен модел. Во нивното дизајнерско студио, тие деноноќно работеа за да ни претстават мотоцикл кој ќе им се допадне на сите возачи.

Моделот MGX-21 беше претставен на саемот „ECIMA“ и минатата година, но само како прототип, и во тој момент, многумина се сомневаа дека може да прерасне во нешто повеќе од тоа.

Оваа година тој веќе изгледа како одлична бизнис понуда, а од Guzzi веќе претставија еден модел на кој може да му се додадат и неколку додатоци. Ова значи дека Moto Guzzi имаат сериозни планови со MGX-21.  Иако е тешко да се идентификува идеалниот клиент за овој мотоцикл, со сигурност може да потврдиме дека има многу луѓе кои сметаат дека овој мотоцикл е прекрасен.

MGX21 3

Секоја боја е добра се додека таа е црна

MGX-21 Flying Fortress ја задржа темната боја и одлично ги користи карбонските влакна. Мотоциклот што го видовме имаше карбонска покривка на бандажите, додавајќи со тоа сопствена ДНК на целиот мотоцикл. Покрај тоа тој има и помошни кутии изработени од карбонски влакна, резервоар изработен од истиот материјал, одлични предни браници, темно обоен мотор, задна вилушка и ауспух.

MGX21 4

Црвената боја е малку присутна но впечатлива на овој модел, и ја има на капаците од вентилите, предните шапи како и на логото на мотоциклот.

Се уште не е објавено официјално која ќе биде цената на овој мотоцикл ниту кога тој ќе биде достапен, но ние дефинитивно сакаме да го видиме Guzzi MGX-21 Flying Fortress како опција за 2016 година.

MGX21 1

Back To Top