Хонда ни даде причина повеќе да го очекуваме со нетрпение новиот CBR250RR. Моделот ќе биде придвижен од четири вентилски DOHC агрегат, паралелен твин со зафатнина од 250цц, три модови на работа и „throttle-by-wire“.

Хонда ни даде причина повеќе да го очекуваме со нетрпение новиот CBR250RR. Моделот ќе биде придвижен од четири вентилски DOHC агрегат, паралелен твин со зафатнина од 250цц, три модови на работа и „throttle-by-wire“. Рамот ќе биде челичен но задната вилушка алуминиумска, а поврзувањето ќе биде со Хондиниот „Pro-Link“ амортизер кој овозможува подесување на пет точки.

Моделот вклучува 37 милиметарски Showa превртени вилушки, 310/240мм кочиони дискови, опционален АБС систем и ЛЕД светла. Иако со нетрпение очекуваме да го видиме во живо, според досегашните информации се работи за навистина впечатлив модел на кој ретко кој ќе му оддолее.

Изгледот дефинитивно не воодушеви на прв поглед. Хонда се одлучи за агресивен изглед кој иако не е карактеристичен за нивните модели во оваа класа, изгледа одлично. Моторот ќе биде достапен во три бои: „Anchor Grey Metallic“, „Mat Gunpowder Metallic“ и „Racing Red“.

Иако сеуште го немаме датумот кога ќе можеме да го видиме во Македонија, дефинитивно се работи за модел за кој вреди да се почека.

Back To Top