Мотоцикли

Honda CRF450 2017 доби нов мотор, шасија и опрема

Фановите на оф роуд мотоциклите имаат уште една причина да бидат задоволни откако Honda конечно го претстави новиот 2017 CRF450 кој има подобрувања во секој оддел.

Следете нè на:

 

Фановите на оф роуд мотоциклите имаат уште една причина да бидат задоволни откако Honda конечно го претстави новиот 2017 CRF450 кој има подобрувања во секој оддел.

„Задоволство ни е да ви го претставиме новото издание на легендарниот мотоцикл на Honda, CRF450R, како и комплетно новиот CRF450RX,“ изјави Ли Едмундс, менаџер за маркеинг комуникации во American Honda.

И двата мотоцикли имаат високи перформанси и претставуваат врв во инжињерингот. Низ годините, секој од моделите на CRF450R со нетрпение беше очекуван, а таква е приказната и за моделите за 2017 година.

Името на Honda за овој модел е „AbsoluteHoleshot.“  За оние кои не се разбираат во мотокрос, тоа се однесува на првите 100 метри кога е многу важно да се биде прв бидејќи сите се натпреваруваат што побрзо да влезат во тесниот дел од патеката.

crf450 2017

Се вели дека овој мотоцикл супериорното забрзување го добил благодарение на „Unicam“ моторите кои имаат ултра директен влез на воздух, поостар агол на вентилите и двоен издувен систем. Компресијата е исто така зголемена на 13.5:1, но производителот на кажува колку коњски сили може да произведе моторот.

Шасијата е преработена и направена на тој начин центарот на гравитација да биде понизок со цел полесно да се влегува во свиоци и да се зголеми стабилноста. Тој има лесна алуминиумска рамка, а променети се и предната и задната вилушка. Исто така подобрени се и предните сопирачки.

Во однос на новиот Honda CRF450RX, овој модел ги има повеќето работи како и кај моделот R, но е дизајниран за кружно оф роуд натпреварување.

Меѓу карактеристиките се електронското копче за старт, оф роуд суспензијата, поголем резервоар за гориво, алуминиумски потпирач, 18 инчен заден бадаж и Dunlop Geomax AT81 пневматици.

CRF450X има и Showa суспензија, специјално направена шасија и специјалните амортизери на Honda, што ќе ви овозможи лесно управување по сите оф роуд патишта.

comments

Би можело да ве интересира

Поради проблеми со менувачот, компанијата одлучи да повлече 4000 примероци од главниот супербајк модел.

Мото индустријата понекогаш може да биде навистина конфузна. Секој ден читаме дека продажбата се намалува но речиси секоја втора недела пишуваме дека некои од големите производители постигнал успех во продажбата на мотоцикли во 2017 година.

Марк Маркез и Дани Педроса тајно тестираа нова карбонска задна вилушка на нивната RC213V машина на пред сезонските тестови.

Suzuki поднесе неколку патенти за полу автоматска трансмисија која би можела да се најде во следната генерација на Hayabusa моделите.

„Во однос на безбедноста, Cornering ABS на предното тркало го прави она што контролата на тракцијата го прави на задното тркало.“

Џејмс од MCN помина 7000 километри на Metzeler Roadtec 01 пневматиците и еве што имаше да каже за нив.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!