Мотоцикли

Honda го претстави новото „Папаки“

Honda го претстави новиот Super Cub C125 за кој велат дека е модерно превозно средство наменето за урбаните возачи.

Следете нè на:

 

Се досега, најновиот модел, Super Cub C110, беше достапен само во Јапонија, каде беше многу популарен кај компаниите кои се занимаваат со транспорт на пратки и во Југо – Источна Азија каде што луѓето претежно го користеа како приватно превозно средство.

133903 HONDA SUPER CUB C1251

„Знаеме дека нашите потрошувачи, без разлика дали се мажи или жени, многу сериозно го сфаќаат својот стил на живот. Ние сакаме новиот Super Cub C125 да го подобри нивниот живот. Тој има безвременски дизајн кој ги потенцира вредностите и универзалноста. Сега додадовме и подобри перформанси на моторот,“ изјави лидерот на проектот Тадамаса Маеда.

„Наша најголема желба е да ја зголемиме среќата во животот на луѓето, а исто така и да предизвикаме насмевка на лицата на сите сопственици на Super Cub без разлика кога и каде возат.“

Super Cub 125 е дизајниран за да биде лесен за користење. Голем дел од тоа има и формата на самиот мотоцикл. Тој е опремен со 125cc, дво-вентилна машина која има воздушно ладење и која има металик црна боја и хромирани детали кои му даваат премиум изглед. Бучавата која ја создава моторот е сведена на минимум.

Уште еден клучен дел кај овој мотоцикл е тоа што тој е лесен и забавен за возење. Тој дури е и инспирација за песната My Little Honda на групата Beach Boys. А со цел да го задржи карактеристичниот квалитет но и да се прилагоди на новите спецификации, Super Cub C125 има челична рамка како основа. Рачките и седиштето сега се обложени со гума, а исто такви се и држачите за нозе. Но она што е најважно е тоа дека со него ќе можете да поминете 246 километри со четири литри гориво.

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!