Мотоцикли

Honda Gold Wing 2018

После неколку недели во кои видовме голем број на видеа и фотографии, Honda конечно го претстави новиот Gold Wing кој е покомпактен, полесен и технолошки понапреден.

Следете нè на:

 

Претставувањето се оддржа на покривот на музејот за иновациите во Санта Барбара, Калифорнија. Музејот, чија цел е едукација на населението, овојпат беше трансформиран со цел да обезбеди директен контакт со мотоциклот.

Иако не успеавме да извозиме некој круг со мотоциклот, сепак ни беше презентирана целосната историја на Gold Wing како и секој детал кој го има новата машина. А покрај претставниците на медиумите, на настанот присуствуваа и голем број на мото клубови, продавачи на мотоцикли и ентузијасти. Искуството беше одлично бидејќи успеав од прва рака да го дознаам размислувањето на луѓето кои го возат, продаваат или пак поправаат овој мотоцикл.

2018 Honda Goldwing Launch 3

Постојат пет нови Honda Gold Wing модели чија што цена се движи од 23,500 до 31,500 долари и кои се изградени врз основа на две платформи: основен Gold Wing и Gold Wing tour.

Основниот пакет во суштина е подобрена верзија на F6B. Тој е достапен со стандардна трансмисија по цена од 23,500 долари или пак со целосно нова, „Dual Clutch“ трансмисија по цена од 24.700 долари.

2018 Honda Goldwing Launch 5

Основниот пакет ви го нуди оној класичен Gold Wing стил и е достапен со три различни сетапи. Gold Wing tour со мануелна трансмисија по цена од 26.700 долари, DCT по цена од 27,700 и DTC опремен со воздушно перниче по цена од 31,500. Опцијата со воздушно перниче повеќе не е достапна кај верзијата со мануелна трансмисија.

Screen Shot 2017 10 26 at 11.47.42 AM

„Tour“ верзијата има уште неколку други додатоци како што се електронски прилагодливата суспензија, контрола на тракцијата, поголемо ветробранско стакло како и поголемо и поудобно седиште.

При редизајнирањето на Gold Wing, целта на инжинерите била да креираат мотоцикл кој ќе биде покомпактен во споредба со својот пертходник но и кој ќе ја задржи својата функционалност. А со цел да го постигнат тоа, првата промена беше направена кај предниот дел.

2018 Honda Goldwing Launch 6

Како што можете да видите од фотографиите, новата „double wishbone“ предна суспензија е одлична промена во споредба со традиционалната вилушка. Иако можеби има сличности со предниот дел на моделот на BMW, Duleover, инжинерите на Honda ќе ви кажат дека нивниот дизајн е уникатен во секој поглед.

Screen Shot 2017 10 25 at 10.22.54 AM

Сопствениците на Gold Wing повеќе не треба да се грижат за проблемот со управувањето кое што ги мачеше голем број на сопственици на GL1800. Со новиот дизајн, тркалото под притисок се движи вертикално нагоре и надолу , наместо навнатре кон мотоциклот. Тоа пак овозможува подобра контрола и чувство при возењето.

2018 Honda Goldwing Launch 12

Бидејќи предното тркало повеќе не се движи кон моторот поради компресијата на предната суспензија, инжинерите успеаа да го поместат моторот 30 милиметри понапред на шасијата. Ова исто така овозможува и позицијата на возачот да биде понапред. Дополнително, тоа ја зголемува тежината на предниот дел на мотоциклот што пак овозможува подобра контрола при возењето.

Инжинерите работеа и на подобрување на актуелниот шест цилиндричен мотор со цел да го направат покомпактен а истовремено и да ги зголемат неговите перформанси.

Моторот со зафатнина од 1833 cc сега има единечен „Unicam“ дизајн. Тоа е истиот систем кој за прв пат го имаше кај CRF450R и кој подоцна беше применет и кај моделот Africa Twin. Вбризгувањето на гориво е подобрено за 20 проценти и тоа им овозможи на инжинерите да го намалат резервоарот за гориво на 21 литар.

2018 Honda Goldwing Launch 7

Поголемиот број на коњски сили пак имаат за цел да ви обезбедат поспортско чувство додека возите. Иако е намален обемот на моторот, неговата моќност е зголемена. Според луѓето во Honda, неговата моќност е зголемена за шест до осум проценти. Возачите сега имаат можност да изберат меѓу шест брзинската мануелна трансмисија или пак новата „Dual Clutch“ трансмисија која има седум брзини. DTC функционира на истиот принцип кој го имаме видено во минатото. Мотоциклот можете да го наместите автоматски да менува брзина или пак вие можете да го правите тоа. DTC исто така ви дава и опција „Walking mode“ со цел полесно да маневрирате со мотоциклот кога се наоѓате во некој тесен простор. Рикверцот е достапен кај сите модели освен кај основната мануелна верзија.

2018 Honda Goldwing Launch 21

Кај мотоциклот повеќе го нема класичното копче за палење . Наместо тоа Honda сега го воведе „Integrated Starter Generator“ системот кој ги комбинира генераторот и стартерот во една компактна единица и дополнително ја намалува тежината на мотоциклот.

Новите мотоцикли тежат помалку отколку претходните верзии. Поголема моќност е одлично, а помалата тежина значи подобро сопирање и управување. Комбинирајте го тоа со промените кај суспензијата и овој мотоцикл ќе ви понуди одлично возење.

2018 Honda Goldwing Launch 11

Бидејќи технологијата од година во година се повеќе се развиваше, Honda почна да губи потрошувачи и мораше да дојде до некаква промена. Инжинерите знаеја дека мораат да направат нешто што ќе го направи овој мотоцикл технолошки супериорен во споредба со конкуренцијата.

Новиот Gold Wing сега е првиот мотоцикл кој е опремен со „Apple CarPlay“ кое пак овозможува целосно поврзување на вашиот IPhone со мотоциклот. Но и доколку немате ваков телефон, сепак ќе можете да го поврзете телефонот со мотоциклот со помош на „Bluetooth“.

2018 Honda Goldwing Launch 16

Контролата на гаста сега е електронска и има четири модули на возење: Tour, Econ, Sport и Rain. Иако овие модули ја контролираат реакцијата на гаста кај основната верзија, нивната функционалност е многу пософистицирана кај „DTS“ и „Touring“ верзиите.

Меѓу другите електронски подобрувања се „Hill Stop Assist“, „Cruise Control,“ и „Smart Key“.

А „Smart Key“ системот овозможува палење без да морате да го ставите клучот во мотоциклот. Оваа опција може и да се оневозможи. Иако и претходните модели имаа контрола на возењето, кај новиот модел таа е многу попрецизна благодарение на новиот „throttle-by-wire“ систем.

2018 Honda Goldwing Launch 20

 „Hill Stop Assist“ создава дополнителен притисок врз дискот на задното тркало и оневозможува враќање на мотоциклот наназад кога се наоѓате некаде на угорнина. ABS сопирачките сега доаѓаат како стандарден дел кај Gold Wing моделите.

Кратко пред да заминам за Калифорнија да присуствувам на овој настан, мојот татко ми ми прати порака со голем број на прашања на кои сакаше одговор, а кои се поврзани со мотоциклот.  Ме потсети дека е дел од целната група на Honda и дека работите треба да ги гледам преку неговите очи.  Листата на прашања ја заврши со една обсервација: Мислам дека најтешката работа што ќе треба да ја направи Honda е да ги задржи среќни традиционалните сопственици на Gold Wing, а во исто време да ги задоволи и барањата на помладата генерација.

А се чини дека татко ми размислува исто како и маркетинг директорот на Honda. Како што претходно напоменав, главна цел на компанијата е да го направи мотоциклот покомпактен и поспортски, а во исто време да ја продолжи и оригиналната мисија. А со цел да ја подобри продажбата, Honda таргетира три класи на возачи.

2018 Honda Goldwing Launch 22

Прво, сакаат возачите кои веќе имаат ваков модел да за заинтересираат за новата верзија. Второ, оние кои порано биле сопственици на ваков мотоцикл, да ја купат новата верзија и трето, да се заинтересираат младите возачи.

Honda навистина му направи целосен редизајн на мотоциклот. Големиот број на документи и податоци кои ни беа доделени за време на презентацијата доволно говорат од колкава важност е овој модел за нив. Единственото нешто што ни недостасува е што не знаеме какво е чувството да се вози овој мотоцикл. Според Honda тоа ќе можеме да го направиме на почетокот на 2018 година.

Извор: revzilla.com

comments

Би можело да ве интересира

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!