Според вестите кои ни доаѓаат од Јапонија, Honda и Hitachi ги здружија силите за да создадат електричен мотор, а двете компании денеска потпишаа договор за соработка.

Според вестите кои ни доаѓаат од Јапонија, Honda и Hitachi ги здружија силите за да создадат електричен мотор, а двете компании денеска потпишаа договор за соработка. Седиштето на компанијата која ќе ги изработува моторите ќе биде во Хитачинака и таа ќе има почетен капитал од 44 милиони долари.

Honda RC E Concept

И двете компании се надеваат дека договорот ќе биде комплетиран до март 2017 година а новата компанија ќе има свои оддели во Кина и во САД. Не се знае дали оваа компанија покрај на Honda ќе продава мотори и на други компании, но од она што се знае, е тоа дека Honda планира да ги користи овие мотори во своите идни модели а исто така, паралелно ќе работи и на сопствен дизајн.

Се надеваме дека оваа соработка ќе се покаже како добра и дека во иднина ќе имаме квалитетен електричен мотор кој е произведен од Honda. Воопшто нема ни да ни пречи да го видиме концептот на Honda, RC-E, наскоро во продажба.

Back To Top