По моделот Africa Twin, се чини дека во Honda повторно се вратила желбата за создавање мотоцикли со кои можете и да патувате и да возите оф-роуд.

Според последните гласини, Honda планира да почне повторно со производство на моделто NX650 Dominator. Одредени лица тврдат дека се појавил цртеж на кој може да се види мотоцикл кој има големи сличности со легендарниот модел.

По моделот Africa Twin, се чини дека во Honda повторно се вратила желбата за создавање мотоцикли со кои можете и да патувате и да возите оф-роуд.

Од компанијата засега не коментираат.

Honda Dominator

Се уште не се знае дали мотоциклот ќе има еден или два цилиндри, но можеме да претпоставиме дека Honda ќе се задржи на моделот со еден цилиндар. Секако, новиот мотоцикл би можел да го има моторот од NC700 но многу поверојатно е Honda да создаде нов мотор.

Моделот NX650 Dominator имаше тежина од 180 килограми но и покрај тоа тој беше лесен за возење. Ако Honda сака да привлече нови следбеници, тогаш ќе треба да го следат веќе испробаниот рецепт.

45-те коњски сили на NX650 можеби не ви изгледаат како многу, но доколку сте го возеле овој мотоцикл или пак Transalp со зафатнина од 600цц, тогаш знаете дека Honda нуди многу повеќе.

honda rumored to brings back the nx650 dominator 2

Овие модели се познати по тоа што се лесни за возење како за искусни возачи така и за почетници. Дури и ако имате сопатник со вас или пак носите опрема, со овие мотоцикли без никаков проблем ќе можете да возите по цел ден со разумна брзина.

Поминаа 15 години откако NX650 Dominator престана да се произведува и многу работи се променија од тогаш. Вбризгувањето на гориво како и современите модули за управување ќе го претворат овој мотоцикл во вистински ѕвер кој ќе можете да го возите по секаква патека. Мотоцикл кој е лесен, агилен и кој има 60 коњски сили ќе биде одличен додаток на колекцијата на Honda.

Back To Top