Мотоцикли

Honda Supra GTR 150 Adventure е вистински оф-роуд скутер

Supra GTR 150 Adventure е блиска верзија на GTR 150 кој Honda успешно го продава во Индонезија. Според некои информации, овој модел веќе се подготвува за производство, додека пак според други, тој е само прототип.

Следете нè на:

 

Вистинските авантуристички и оф-роуд скутери се чини дека конечно станаа реалност за Honda, барем судејќи според неодамнешните слики од Индонезискиот модел на Supra GTR 150 Adventure. Не е познато дали оваа машина или барем идејата која стои зад неа ќе се прошири на меѓународниот пазар.

Supra GTR 150 Adventure е блиска верзија на GTR 150 кој Honda успешно го продава во Индонезија. Според некои информации, овој модел веќе се подготвува за производство, додека пак според други, тој е само прототип.

Искрено, според фотографиите, Honda Supra GTR 150 Adventure изгледа неверојатно. Да бидеме искрени, многу луѓе посакуваат да видат вакви скутери и во Европа.

honda supra gtr 150 adventure 1Honda Supra GTR 150 Adventure

Honda го промени изгледот на основниот скутер. Прво нешто што ќе забележите е дека моторот не се наоѓа на стандардното место. И покрај тоа што скутерот е многу сличен на GTR 150, некои работи се значително подобрени. Honda Supra GTR 150 Adventure има 17 инчни тркала.

Скутерот кој можете да го видите на сликите има многу додатоци, како што се портокаловите штитници, просторот за дополнителна опрема, тркачкиот издув и штитниците за рацете.

Едноцилиндричниот 150cc мотор очигледно не е доволно моќен да се справи со најтешките терени доколку на него се возат двајца и носат комплетна опрема, но сепак ни се допаѓа целокупната замисла. Ако Honda реши да направи и авантуристички скутери, би биле навистина среќни.

Искрено се надеваме дека ваквите мотоцикли ќе станат достапни за меѓународниот пазар со оглед на тоа што овој сегмент воопшто не е застапен. 

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.