На интернет можете да видите како ќе изгледа овој мотоцикл. Не можам да потврдам дали сите тие слики се веродостојни но можам да потврдам што продава Kawasaki. И морам да признаам дека сум прилично импресиониран.

Врнеше во Филаделфија, а мојот пријател постојано ми зборуваше за Kawasaki Z900 кој го има дома. Го натерав да оди и да го донесе. (Веќе помина еден месец, а јас се уште го немам возено мотоциклот.) Новото видео од Kawasaki кое што го видов денеска дополнително ме заинтересира.

K1

Морам да се согласам со Ленс дека компаниите помалку претеруваат со ваквите видеа. Но овој мотоцикл е направен врз основа на Z900 и го натерав мојот пријател и колега да отиде и да го донесе бидејќи навистина сакам подобро да го запознаам. Како што можете да видите, тој има стил за кој индустријата би кажала дека е ретро. Нема да се противам, но за мене тој е стандарден модел. Обичен, постар мотоцикл. Кога почнав прв пат да возам, луѓето едноставно ги нарекуваа мотоцикли. Ми се допаѓа идејата на Z900, но изгледот е малку чуден.

На интернет можете да видите како ќе изгледа овој мотоцикл. Не можам да потврдам дали сите тие слики се веродостојни но можам да потврдам што продава Kawasaki. И морам да признаам дека сум прилично импресиониран. Yamaha XSR900 е мотоцикл за кој дадов високи оценки поради неговите перформанси и цена. Се чини дека и Z900RS вреди за сите пари. Изгледот е малку поинаков но верувам дека на повеќето ќе им се допадне. Исто така тука е и врската со стариот  Z900/KZ900 кој е уште еден одличен мотоцикл. Се надевам дека некои од предностите на тој мотоцикл ќе се најдат и кај новиот модел. Исто така очекувам малку да биде подобрен и моторот.

Со нетрпение чекам да возам некој од овие RS модели. Се надевам дека ќе можам да дознаам малку повеќе за нив кога ќе бидат и официјално претставени на 25-ти октомври во Токио.

Извор: revzilla.com

Back To Top